Aug 4, 2023
Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот за активна транспарентност на 98 јавни институции за 2023 година.
Активната транспарентност на општина Дебрца во 2023 година изнесува 89,9 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %).
Со овие бодови, општината се наоѓа на 27-та позиција од вкупно 98 рангирани институции, со што го исполнивме она што ни беше цел-општината да влезе во групата на институции со ’многу добра‘ активна транспарентност.
За потсетување, според Индексот на активна транспарентност 2017, општина Дебрца го зазеде 86-то место од вкупно 97 институции, со резултат од 16,4 % остварени позитивни показатели, со оценка “многу слаба транспарентност”.
Од сосема нетранспарентна и затворена општина стигнавме до препознатлива и отворена општина.
https://www.aktivnatransparentnost.mk/opshtini.html…

Jul 30, 2023
Вработените од Пивара Скопје / Pivara Skopje, волонтерите од Пакомак, Општина Дебрца, и пријавени на сајтот на Пивара Скопје организираа чистачка акција во село Волино.
Во рамки на акцијата која беше организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, а поддржана од Пакомак и Општина Дебрца, беше собран отпад во околината на селото Волино.
„Дебрца иако рурална општина, преставува значајна алка со подеднаква одговорност во заштитата на нашиот бисер, Охридското Езеро. И најголемиот слив на Охридското Езеро, сливот на реката Сатеска започнува и завршува во Дебрца и затоа не случајно е дел од природното и културно наследство во регионот заштитено од УНЕСКО“ Ваквите еко-активности со кои во голема мера придонесуваме во заштита на животната средина ќе останат добра пракса и во иднина.“
#НашаГордостНашаОдговорност

Jul 27, 2023
Волонтери претставници од општина Дебрца, ЈКП Дебрца, преставници од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, ќе одржат акција за чистење која е организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО и Пакомак, Акцијата е предвидено да се одржи во село Волино на 28.07.2023 година со почеток во 9и 30 часот на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино – Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад .
Линк за пријавување на акцијата https://csr.skopsko.mk/form
Jul 26, 2023
Деновиве заврши првата фаза од реализација на годишната програма за реконструкција/ рехабилитација на улици во населените места на територија на општината.
Во Првата фаза беа опфатени селта Требеништа, Ботун и Белчишта каде што се изврши прочистување на вегетација,тампонирање и асвалтирање на три улици во наведените села
Општина Дебрца продолжува со реализација согласно Годишната програма каде ќе бидат изградени или реконструирани / рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударните дупки на асфалтните коловози каде има потреба според проценка на стручните служби во општината
Jul 20, 2023
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка Општина Дебрца во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата беа опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Воедно се изврши и дератизација на канализационите системи во општината како и јавните објекти во општината.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца

Jul 12, 2023
Во рамките на програмата ќе бидат изградени или реконструирани / рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударните дупки на асфалтните коловози.
Во рамките на Програмата и проектот за поврзување на локални патишта,кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски и со финансиска поддршка на Светска Банка ќе се реконструира улица во село Волино,на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино-Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад.
Во првата фаза се работи во селата Требеништа, Ботун и Белчишта.