May 28, 2020
По селата во средна Дебрца, деновиве кантите за собирање отпад кои општината ги обезбеди преку грант во рамките на Проектот ‘Унапредување на општинското владеење’, финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), се распределени и во селата од Горна Дебрца ( Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново ).
Истите врз основа на утврден план од Јавното претпријатие се поставени на јавни површини, со што и во овие села започнуваме со организирано собирање на комуналниот отпад.
И во наредниот период продолжуваме со чистење на дивите депонии, а од граѓаните ја очекуваме нивната поддршка и придонес за зачувување на здрава и чиста животна средина
May 25, 2020
По повеќекратните барања од советот и градоначалникот на општината до Јавното претпријатие за државни патишта даден е налог за изведба на банкините на Регионалниот пат Р29273 Ботун-Брежани-Железнец, активност која некој “заборавил” да ја изведе при рехабилитацијата на регионалниот пат во 2017 година, со што граѓаните со години се соочуваа со отежнато одвивање на сообраќајот и оштетување на возилата.
Деновиве ЈП “Македонија Пат” со припомош на општинска механизација започна со изведба на банкините на делницата Ботун-Белчишта, во должина од 2,5 км и делницата Белчишта – Лешани, во должина од 2,0 км.
Останува нашата заложба и барања до ЈП за државни патишта за рехабилитација на коловозот по целата должина на регионалниот пат
Feb 26, 2020
Нуркачкиот Центар АКВАТЕК, Охрид и Здружението за екологија и туризам ‘ЕКОТУРИЗАМ-2016″, Охрид, изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото Блато. Најголемото блатно езерце Сино Дувло крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим. Богатството со вода е надополнето со рибна фауна, а од снимките се препознаваат јата кленови. Низ шуплините од камењата има мали рипчиња – писи и ракчиња. Измерена е длабочина од околу 4 m, а вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава. За жал, како и во Охридското Езеро, и од Сино Дувло извадивме делод човечката неодговорност – една метална рамка од велосипед. Своето место ќе си го најде како сувенир во нашата колекција. Уживајте во подводна снимка.