СООПШТЕНИЕ ЈПКД ,, Дебрца” за присилна наплата на заостанат долг по основ на комунални услуги
Се известуваат корисниците кои имаат заостанат долг по основ на комунални услуги потребно е истите да ги подмират во рок од 5 дена од денот на објавување на ова соопштение.
Доколку обврките не бидат навремено регулирани, против должниците ќе биде поведена постапка за присилна наплата согласно важечките прописи.
Ги повикуваме должниците навремено да ги регулираат своите обврски или да се обратат во јавното претпријатие во с.Мешеишта за отплата на рати, со цел избегнување дополнителни трошоци и постапки.
ЈП за комунална дејност Дебрца
Потпишан договор со Биро за регионален развој за имплемантација на проект Заштита на животната средина преку набавка на канти за комунален одпад
Почитувани граѓани на Општина Дебрца, континуирано инвестираме во почиста животна средина!
Известување за затворен патен правец с.Мешеишта-с.Волино
Се известуваат граѓаните дека патниот правец на релација с.Мешеишта – с.Волино и обратно, привремено ќе биде затворен за сообраќај поради поставување на електричен кабел и изведување на градежни работи.
Затворањето ќе важи во периодот од 24.04.2026 година во деновите кои следат се до завршување на работите, во временски интервал од 8:00 часот до 17:00 часот
Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги користат алтернативните патни правци и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Ви благодариме за Разбирањето
Општина Дебрца
Извршено уредување на неколку патишта во општина Дебрца
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, денес извршивме уредување на неколку патишта во општина Дебрца.
Реконструкцијата на оградата на мини игралиштето во училиштето во с. Горенци
Со реконструкцијата на оградата на мини игралиштето во училиштето во с. Горенци, значително ја унапредуваме безбедноста на учениците и обезбедуваме посигурен простор за нивна игра и спортски активности.
