Select Page
Санирана училишната зграда во село Оровник

Санирана училишната зграда во село Оровник

Продолжуваме да вложуваме во образовната инфраструктура во општина Дебрца.
Завршена е санацијата и адаптацијата на влезниот дел од училишната зграда во село Оровник.
Се изврши санација на влезните скалила од училиштето, заградување и застаклување на терасата, нова влезна врата, монтажа на настрешница, бетонирање на тротоар, обработка на ѕидовите во заградениот простор и друго.
Вкупната вредност на работите изнесува 693.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.
Пред и потоа:

РЕШЕНИЕ со кое се утврдува потребата од оценка на влијание на проектот: ‘’Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито

РЕШЕНИЕ со кое се утврдува потребата од оценка на влијание на проектот: ‘’Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито

Врз основа на член 81 став 8 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 44/2015, 129/2015, 9/2016 и 99/2018) Министерството за животна средина и просторно планирање донесе РЕШЕНИЕ со кое се утврдува потребата од оценка на влијание на проектот: ‘’Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито’’. Решението може да се симне тука.

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2023

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2023

Почитувани граѓани, 

 
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2023 година. 
Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. 
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.

Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден (05/12/2023, Понеделник) со почеток во 10:00 часот во конгресната сала во Општина Дебрца, каде поканети ќе бидат претседателите на Месните заедници да ги дадат своите идеи, односно поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.
Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледан од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2023 година.

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ДЕБРЦА 2026

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса
Исплатени субвенциите за купен нов велосипед

Исплатени субвенциите за купен нов велосипед

Денес на трансакциските сметки на 15 баратели за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед им се исплатени по 3.000 денари или вкупно 45.000 денари, а согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година, мерка „Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт и објавениот Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување велосипед во 2022 година.

Мерката продолжува до 31 Декември 2022 година.

Преку БРР ќе се реконструира и уреди главната улица во село Горенци

Преку БРР ќе се реконструира и уреди главната улица во село Горенци

Денес во просториите на Бирото за регионален развој во Скопје, преставувано од директорот Рамиз Реџепи и градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески го потпишаа договорот за реализација на проектот.
По поднесена апликација од општина Дебрца до Бирото за регионален развој , од Програмата за развој на села за 2022 година одобрени се средства за проектот : Pеконструкција и уредување на улица во село Горенци.
Проектот опфаќа тротоарско уредување на главната улица во село Горенци,во должина од 529 метри и широчина на тротоар од 1,5 метри,а вкупната вредност на проектот изнесува 2.615,598 денари.
По завршување на тендерската постапка следува имплементација на проектот.
Владата донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Владата донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

На денешната 85-та седница, Владата донесе Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа, по што ќе се пристапи кон изработка на Нацрт Законот.

Предлогот за прогласување на ова подрачје за заштитено е поткрепен со Студија за валоризација на Белчишко Блато-Парк на природата изработена во согласност со Законот за заштита на природата и е основа за подготовка на Предлог Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје.