Select Page
Презентација на Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца

Презентација на Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца

Општина Дебрца Ве информира  дека е подготвена Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.

Со цел да ја презентираме и претставиме и воедно  да разговараме за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа, Општина Дебрца организира состанок во среда (17.05.2023) во 11:00 часот во просториите на општина Дебрца.

На состанокот  ќе присуствуваат членовите од Одборите на Корисници, релевантни лица од општината, Градоначалникот и координарот на проектот.

Презентација ќе извршат  стручни лица / претставници од Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за Финансии  на Република Северна Македонија, како и од консултантската екипа која ја изработуваше студијата.

Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија.

Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија.

Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија, кој ќе се одржи од 20-26 Мај 2023 година.

Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.

Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.

Посетата на саемот е планирана за 24 и 25 Мај 2023 година, со едно ноќевање.

Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето ( околу 35 евра ноќевање со појадок ).

Од организациски причини ги замолуваме заинтересираните земјоделци и други граѓани, да се пријават најдоцна до 12 Мај 2023 година, на следниот контакт:

Ѓоко Јордески 078281242

Игор Калески 075391404

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за ,, Рехабилитација на локална улица во н.м Волино Општина Дебрца” во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за ,, Рехабилитација на локална улица во н.м Волино Општина Дебрца” во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта

ИЗВЕСТУВАЊЕ  за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за Контролна листа на ПУЖССА за ,, Рехабилитација на локална улица во н.м Волино Општина Дебрца” во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта.

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проект за „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“. Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот. Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 20.04.2023 година официјалните веб страници на:

 

 

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.

20230420_ESMP Checklist Debrca_MK

20230420-ФОРМУЛАР ЗА КОМЕНТАРИ

Работилница : Донесување одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги

Работилница : Донесување одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги

На ден 23 март 2023 година во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” ќе се одржи работилница:  донесување на одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги.

Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г.

Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од блатото, за да се интегрираат во донесувањето одлуки за негово управување и заштита. Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава

Дневен ред

Требеништа добива нов современ колонијален маркет

Требеништа добива нов современ колонијален маркет

Денес со потпишување на договорот помеѓу општина Дебрца и фирмата Викса 2016 ДООЕЛ и официјално во Требеништа се отвара нов современ маркет.

 

Маркетот ќе биде лоциран во село Требеништа, во долниот дел од селскиот Задружен дом кој неодамна беше целосно реконструиран од страна на Општина Дебрца.Пред потпишувањето на договорот, за јавниот простор се спроведе постапка за јавно наддавање и издавање под закуп на деловниот простор за период од 10 години.

 

Маркетот е предвидено да започне со работа од 1.3.2023 година.

 

Со оваа постапка правиме еден уште едно придвижување на локалната економија, генерирајќи нови вработувања и решаваме еден од горливите проблеми во с.Требеништа.

 

Многу успех!

Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината и Буџетот на општината за 2023 година

Советот на општина Дебрца ги усвои годишните програми за развој на општината и Буџетот на општината за 2023 година

На денешната 15-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 7 (седум) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2023 година и Годишните развојни програми на општината за 2023 година.

На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2023 година.

Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2023 година е проектиран на износ од 113.000.000 денари.

Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.

На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.

Во буџетот за 2023 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.