Select Page
Јавен конкурс за избор на Директор на ЈКП „Дебрца“ – Белчишта

Јавен конкурс за избор на Директор на ЈКП „Дебрца“ – Белчишта

Врз основа на член 19-a и член 23 став 3 од Законот за за јавните претпријатија („Службен весник, на РМ“ број 38/1996, 9/1997;  6/2002;  19/2002;  40/2003;  49/2006;  22/2007;  83/2009;  97/2010;  6/2012;  119/2013;  41/2014;138/2014;  25/2015;  61/2015;  39/2016;  64/2018;  35/2019;  275/2019 година), член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ број 5/2002) како и врз основа на Одлуката за распишување на Јавен конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие за комунални дејности број 09-2161/1 од 23.12.2021 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објавува :

 

ЈАВЕН КОНКУРС 

за избор на Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта

 

Кандидатот за директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“- Белчишта треба да ги исполнува следните услови за извршување на работата предвидени во Законот за јавни претпријатија и Статутот на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“-Белчишта :

  • да е државјанин на Република С. Македонија ;
  • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 ;
  • во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • има минимум 5 години работно искуство ;
  • поседува еден од следните меѓународно признати сретификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа : ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English : Legal) 0 најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен или БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода ;

Потребни документи кои кандидатите треба да ги достават се следните :

  • пријава за конкурсот ;
  • кратка биографија на кандидатот ;
  • доказ за завршено високо образование (диплома или уверение) ;
  • доказ за работно искуство ;
  • доказ (сертификат или уверение) за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години ;

Потребните документи се поднесуваат во оригиниал или копија заверени на нотар.

Покрај потребните документите, кандидатот треба да достави и програма за работа на Јавното претпријатие.

Кандидатите кои се пријавуваат потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа, и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици.

Сите пријавени кандидати имаат еднакви можости да бидат примени согласно нивните способности, образовани, искуство и личен капацитет.

Пристигнатите документи ќе ги разгледува тричлена комисија избрана од градоначалникот на општина Дебрца и во рок од 8 дена по истекот на рокот на конкурсот, целокупната документација ќе ја достави до градоначалникот кој во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата градоначалникот носи одлука за избор на директор.

Пријавите со потребните документи се доставуваат во затворено плико лично во архивата на општина Дебрца или по пошта на следната адреса : Општина Дебрца, село Белчишта, за Градоначалник со назнака (за јавен конкурс).

Огласот трае 5 работни дена од денот на објавувањето на дневните весници.

Ненавремената, нецелосната и неуредна пријава нема да биде предмет на разгледување.

ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                                    ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                                        Зоран Ногачески

КОНКУРС за доделување стипендии на одлични  ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија за учебната 2021/2022 година 

КОНКУРС за доделување стипендии на одлични  ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија за учебната 2021/2022 година 

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува:

КОНКУРС
за доделување стипендии на одлични  ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија за учебната 2021/2022 година

 

I.ВОВЕД

Општина Дебрца за учебната 2021/2022 година ќе додели стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија.

 

  1. II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;
  2. Да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
    3. Да не повторувале година во текот на образованието;
  3. Да имаат континуирано примерно поведение;
  4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  5. Да се државјани на Република С. Македонија и жители на општина Дебрца.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-остварениот успех,

-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година.

 

III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат но конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.debrca.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:

  1. 1. Потврда за е редовен ученик во учебната 2021/2022 година;
  2. Фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
  3. Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
  4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
  5. Изјавапотпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
  6. 6. Изјава потпишана од родител-старател за користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.

 

Потребните документи може да ги спуштите со кликање тука

 

  1. IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Пријавата со потребните документи, учениците треба да ги достават во рок од 15 дена, а најдоцна до 30.12.2021 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта, во затворен плик,  со назнака:  „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски  стипендии“.

 

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500,00 денари месечно,  за девет месеци во текот на учебната година.

 

VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Пријавите нема да бидат разгледувани доколку доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до  15.01.2022 година на интернет страницата на Општина Дебрца.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

 

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                               Градоначалник

                                                                                                Зоран Ногачески

КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија за студиската 2021/2022 година

КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија за студиската 2021/2022 година

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува:

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија за студиската 2021/2022 година

 

 

I.ВОВЕД

Општина Дебрца за студиската 2021/2022 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија.

 

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
  2. Да се редовни студенти на повисоките години кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа: за студенти запишани на студиски програми од информатика, природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки да имаат постигнато просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 , а за студентите на факултетите од општествените науки, на факултетите од уметностите и на другите студиски програми да имаат постигнато најмалку 8,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
    3. Да не повторувале година во текот на студирањето;
  3. Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или фирми;
  4. Да се државјани на Република С. Македонија и жители на општина Дебрца.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2021/2022 година за сите студиски програми.

-Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.

 

III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.debrca.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:

1.Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2021/2022 година;

  1. Уверение за положени испити од претходните години ( студентите од I година доставуваат фотокопие од свидетелства од I-IV година средно образование);
  2. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;
  3. Изјавана кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
  4. Изјаваза користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;
  5. Фотокопија од индекс.

 

Потребните документи можете да ги спуштите со кликање тука

 

 

  1. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават во рок од 15 дена, а најдоцна до 30.12.2021 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта, во затворен плик,  со назнака:  „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски  стипендии“.

 

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари месечно,  за девет месеци во текот на студиската година.

 

VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до  15.01.2022 година на интернет страницата на Општина Дебрца.

Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

 

 

                                                                                                ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                               Градоначалник

                                                                                                Зоран Ногачески

Предлог буџет на општина Дебрца за 2022

Предлог буџет на општина Дебрца за 2022

Предлог Буџетот на Општина Дебрца за 2022 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2022 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2022 година.

Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.

Предлог Буџет 2022 година – Општина Дебрца

Предлози и сугестии може да се поднесуваат на контакт инфо:

  • Адреса:
    с.Белчишта бб, 6344
  • Работно време:
    Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот
    (Пауза од 11:00 до 11:30 часот)
  • Телефон (централа):
    +389(0)46 286 855

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2022

Почитувани граѓани, 

 
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 година. 
Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. 
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.
Секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од нашите сектори и предлозите за нови проекти ќе бидат земени предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2022 година.

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ДЕБРЦА 2026

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса
Продолжен рокот за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Продолжен рокот за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Почитувани земјоделци,
Ве известуваме дека рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 која ја зафати територијата на општина Дебрца наместо 28.07.2021 година ќе биде продолжен до, заклучно со 09.08.2021 (понеделник) .

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

  1. Покрај барањето секој барател треба да достави:
  • копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • копие од трансакциска сметка;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копие од имотен лист; копие од договор за закуп ).

НАПОМЕНА: Граѓание кои претходно поднеле барање за штета предизвикана од доцните пролетни мразеви, со барањето не мора да доставуваат копие од лична карта и трансакциска сметка. 

За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 046 286 855.

1.ПРИЈАВА

2. ИЗЈАВА за ШТЕТИ