Mar 13, 2021
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта ”, кој се реализира од Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проектот: “Реконструкција на патниот правец село Злести-село Белчишта ( врска со регионален пат ) и изградба на обиколница околу село Злести”, како продолжение на патниот правец село Лешани-село Злести, во вкупна должина од 2121 метри.
Проектот е одобрен и на 10 Март преку Министерството за транспорт и врски е објавен вториот тендер за локални патишта, меѓу кои е и нашиот аплициран проект ( Тендер 2 Дел 3 ) .
По завршувањето на тендерот ( крајниот рок е 8 Април ) очекуваме да започне реализацијата на проектот.
Градиме по План-от!
Mar 12, 2021
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 46-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 46–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 15.03.2021 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записникот од 45-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2020 година
- Предлог – Одлука за усвојување Анекс на Годишната програма за работа на ООУ „Дебрца“ с.Белчишта за учебната 2020/2021 година
- Предлог – Годишна програма за изменување и допоплнување на Годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2021 година
- Предлог – Одлука за давање донација на црковен одбор на Црква „Св. Никола“ село Требеништа
- Предлог – Одлука за давање донација за црковен одбор на Црква „Св. Софија“ село Издаглевје
- Предлог – Одлука за формирање Локален совет за превенција на Општина Дебрца
- Предлог – Одлука за избор на Претседател и членови на Локален Совет за превенција на Општина Дебрца
- Предлог – Одлука за доделување субвенција а Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски
Feb 23, 2021
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 45-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 45–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 26.02.2021 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записникот од 44-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2021 година
- Предлог – Одлука за усвојување на извештај од извршена самоевалуација за период 2018-2020 година на ООУ „Дебрца“, с.Белчишта
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
- Предлог – Одлука за престанок и за давање на времено користење на недвижна ствар
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски
Feb 18, 2021
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид – Константин Георгиески, на Општина Струга – Рамиз Мерко и на Општина Дебрца – Зоран Ногачески.
На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат статусот на Oхридскиот регион и Охридското Езеро како заштитено природно и културно подрачје од страна на УНЕСКО.
Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини да се усогласат напорите за спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.
Заедничка констатација на средбата беше да продолжи координацијата меѓу Владата и општините Охрид, Струга и Дебрца на утврдените активности, како и на усогласување на легислативата за надлежностите кои ќе овозможат успех во спроведувањето на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион и на развојните планови на општините.