Select Page
Покана за консултативен состанок   презентација на студијата за валоризација на Белчишко блато

Покана за консултативен состанок презентација на студијата за валоризација на Белчишко блато

Општина Дебрца Ве поканува на консултативен состанок за нацрт-студијата за валоризација на Белчишко Блато (Сини Вирој). Добредојдени се сите коментари кои би сакале да ги споделите за време на состанокот кој ќе се одржи во Општина Дебрца на 9 март (среда) 2022 г. со почеток во 10.30 часот. На состанокот ќе може да се присуствува и преку Zoom – платформата на следниот линк

https://us02web.zoom.us/j/2200021965?pwd=N0orSUhsN2VrNXh4TFhoVGZMN0UwZz09

Нацрт-студијата е достапна на следниот линк.

Агенда 

11.00 – 11.10. ч.  Вовед во состанокот, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам „Екотуризам 2016“, Охрид / поздравно обраќање, Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца

 

11.10 – 11.30 ч.  Презентација на нацрт Студијата за валоризација, Д-р Даниел Богнер, консултант (Zoom платформа)  и Ѓоко Зороски, „Екотуризам 2016“, Охрид

 

11.30 – 12.15 ч.  Отворена дискусија 

Градоначалникот Ногачески ја потпиша делкарацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

Градоначалникот Ногачески ја потпиша делкарацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

Во рамки на Националната платформа за женско претприемништво, а со цел поддршка и промоција на женското претприемништво на национално и меѓународно ниво, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески ја потпиша делкарацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.

Препознавајќи го женското претприемништво како сила која придонесува во развојот на претприемачкиот екосистем и воопшто економијата во земјата се обврзуваме да ја демонстрираме нашата заложба за подигање на свеста и допринесуваме во креирањето на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво.

Во Волино се одржа Јавната расправи по Студијата за проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно

Во Волино се одржа Јавната расправи по Студијата за проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно

Вчера (петок) во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправи по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца.

На состанокот преставници од Министерството за Животна средина  и проектните кординатори ја презентира Студијата и значењето на истата пред засегнати страни како и жителите на село Волино.

Присутните имаа можност од прва рака со свои забелешки и сугестии да укажат по текстот на студијата.

Со проектот се предвидува враќање на р.Сатеска во нејзиното природно корито. Вкупната должина на коритото од разделната градба до вливот во Црн Дрим е 7796m и оваа должина припаѓа во две општини, општина Дебарца и општина Струга .

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и  во општина Дебрца.

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта

Одбележан Светскиот ден на водните живеалишта

Денес во општина Дебрца и преку платформата Zoom, во организација на Здружението “Екотуризам 2016” и општина Дебрца како домаќин, по повод 2 Февруари – Светскиот ден на водните живеалишта се одржа настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“.

На настанот поздравни обраќања имаа и заменик министерот за животна средина Христина Оџаклиеска и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески, а беа презентирани и студиите за валоризација на овие важни екосистеми и промотивно прикажан едукативно-документарниот филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“.

Градоначалникот Ногачески  во своето обраќање посебно потенцира дека водните живеалишта имаат голема важност не само за растителниот и животинскиот свет во нив, туку и за здравјето и благосостојбата на луѓето.

Водните живеалишта се идентитетска карактеристика на Охридскиот регион и затоа сите тие заслужуваат посебна заштита.

Во тој контекст посебно значење има и Белчишкото Блато, како најголемо во оригинерна форма сочувано водно живеалиште.

Преку проект кој го имплементира Здружението “Екотуризам 2016” изработена е Студија за валоризација на блатото и добивање на заштитен статус според националното законодавство.

Настанот се одржа во просториите на идниот музеј на Белчишко Блато, кој беше реконструиран во рамките на проектот кој општина Дебрца го спроведува преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција, а за што уште еднаш изразувам благодарност до Делегацијата на ЕУ, која го поддржа овој проект.

Да блескаме за РЕТКИ!

Да блескаме за РЕТКИ!

Оваа година за Денот на ретките болести 2022 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет.
Како и секоја година,така оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.
Сите знаеме дека изминатата, но и почетокот на оваа година поминува, во светлото на КОВИД-19.
Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.
Во вторник на 1 февруари зградата на Општина Дебрца ќе свети во знак на подршка на кампањата за ретките болести.

Секој може да учествува во Глобалниот синџир на светла и да ги сподели вашите бои!

Во обид за глобална солидарност, поканети сте да го осветлите или декорирате вашиот дом со боите на Денот на ретки болести во 19 часот по вашето локално време на 28 февруари 2022 година

Покана за консултативен состанок   презентација на студијата за валоризација на Белчишко блато

Го одбележуваме на 2 февруари – Светски ден на водните живеалишта

По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“. Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети. Во одбележувањето ќе се придружат Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Охрид и Хидробиолошкиот Институт од Охрид.
Настанот ќе се одржи во просториите на идниот музеј на Белчишко Блато, Општина Дебрца, с. Белчишта.