Aug 19, 2025
Традиционално секој Август најзначајната спортска манифестација во општина Дебрца е 27то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” Волино,кој оваа година има меморијален карактер и е во чест на прерано починатиот волинец и голем поддржувач на ФК “Сатеска” и “Богородица Купот”, Крсте Илинкоски.

Како генерален покровител општина Дебрца го помогна турнирот со 80.000 денари, а во чест на Крсте обезбеди и 12 пара спортска опрема ,дресови и 50 маици на кои е аплициран неговиот лик.
Jul 14, 2025
По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода,кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата,бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села,односно живеалишта со автопатот.
Како локална самоуправа ја разбираме нивната загриженост и уште еднаш апелираме до Јавното претпријатие за државни патишта,како инвеститор и изведувачите што е можно најбрзо да ги изградат помошните ,односно пристапните патишта,како би се овозможило безбеден и непречен пристап на засегнатите жители од Автопатот до нивните населени места и обратно.
Jul 10, 2025
Во моментов најзначајниот спортски настан во општина Дебрца е турнирот во мал фудбал “Петровден 2025”, во село Мешеишта,неговото јубилејно 50 то издание.
Општина Дебрца и оваа година како генерален покровител ја помогна оваа спортска манифестација со 80.000 денари.
Согласно Годишната програма за спорт се и ќе бидат поддржани и други спортски манифестации во текот на 2025 година.
И во иднина максимално ќе ги помагаме спортските клубови, спортските манифестации и талентираните спортисти од општината.
Jul 4, 2025
Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески изврши прием на најдобрите ученици, односно првенецот на генерација Анастасија Тупанческа и учениците на генерација Рената Јолакоска и Стефани Николоска за учебните 2021-2025 година од ООУ “Дебрца” Белчишта.
Честитајќи им го постигнатиот успех и им посака успех и во средното и натамошното образование.
На најдобрите ученици им додели пригодни плакети и парични награди, на првенецот на генерацијата 15.000 денари,а на учениците на генерација по 7.500 денари.
Исто така, на сите завршени полуматуранти општината ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.
Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици,а особено на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.
May 23, 2025
Со одигрувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на АСП ПАК и ФК САТЕСКА синоќа заврши Вториот турнир во мал фудбал “Св.Никола 2025” Требеништа.
Во извонредна атмосфера и драматичен натпревар турнирот го освои екипата на ФК Сатеска.

Честитки за победникот,сите учесници и организаторот.
Општина Дебрца покрај постојните доби уште една прекрасна спортска манифестација.
Општина Дебрца и оваа година беше покровител на турнирот и го помогна со 80.000 денари,а истовремено ја подобривме и спортската инфраструктура,со изградбата на трибина во спортската сала,а за што од Буџетот на општината беа издвоени 1.121.180 денари.

Согласно Годишната програма за развој на спортот за 2025 година финансиски ќе бидат помогнати и другите годинешни општински спортски манифестации како:
Турнир “Петровден 2025” Мешеишта со 80.000 денари.
Турнир “Илинден 2025” Оровник,со 80.000 денари.
Меморијален турнир “Кире Николоски Камачо 2025” Лешани со 40.000 денари,
Меморијален турнир “Михаил Мирчески 2025” Слатино,со 40.000 денари,
“Богородица Куп 2025” Волино,со 80.000 денари
Турнир “Св.Богородица2025” Ботун со 20.000 денари,
Средба на генерации на ФК “Дебрца” Белчишта,со 20.000 денари.
Меморијал “Јончески Мирко Мичула 2025” Велмеј,со 20.000 денари.

Општина Дебрца константно вложува во развојот на спортот и младите.
May 21, 2025
21 Мај се одбележува денот на Natura 2000, во чест на воспоставувањето на првите НАТУРА 2000 подрачја во 1992 година, кога ЕУ ја донесе Директивата за живеалишта (Habitats Directive).
Македонија, има започнат процес на хармонизација со европското законодавство и во тие рамки се идентификувани значајни подрачја кои ќе бидат дел од идната НАТУРА 2000.
За општина Дебрца е значајно дека Белчишкото Блато” Сини Вирој” е меѓу идентификуваните идни заштитени подрачја на НАТУРА 2000.