Велигденска честитка на градоначалникот Ногачески
Почитувани граѓани, православни христијани,
Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.
Празникот над празниците секогаш потсетува на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.
Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, кога ја славиме победата на животот над смртта, нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје, достоинствен живот и хармонија во Вашите семејства.
Христос Воскресе !
Закажана 7-та седница при Советот на општина Дебрца
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 7-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам 7–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 29.04.2022 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 6-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за прифаќање на предлогот и утврдување предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Охрид
- Прелог – Решение за именување членови на заедничка комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Охрид
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од индивидуални корисници – домаќинства и правни лица
- Предлог – Решение за именување командант, началник, помошници на началникот и помошен персонал на штабот за заштита и спасување на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со класа на намена Б5.1 – Хотелски Комплекс на дел од КП 898/1, дел од КП 840 и дел од КП 1188/4, КО Оровник, Општина Дебрца
- Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Решение за именување член во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на неманата на бесправно изграден објект со намената на земјиштето
- Барање за изготвување вешт наод
- Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски
Јавен Оглас За работно ангажирање на невработени лица по Годишна програма за јавни работи
Градоначалникот Ногачески панел дискутант на Конференцијата „ЕУ за општините“
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески во среда (23.03.2022 год.) како панел дискутант ќе учествува на Конференцијата насловена „ЕУ за општините“, која е заеднички настан на програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“.
На овој хибриден настан ќе бидат презентирани проектите поддржани во рамките на двете програми финансирани од Европската Унија.
Покрај поздравните говори, предвидено е и формално потпишување на договорите за кофинансирање и поддршка на општините, две панел дискусии, како и работилница за оперативните/административните барања и барањата за видливост.
Градоначалникот Ногачески заедно со Г-дин Гоце Толески, раководител на Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка на ИПА Северна Македонија – Албанија, Г-ѓа Ана-Марија Маџар, член на советот на округот Чонград меѓе (Csongrád Megye), известувач на Комитетот на регионите за Пакетот за проширување на ЕК до 2022 и Г-дин Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец ќе дискутираат на тема “Прекуграничните предизвици на локалните власти и изгледите за повик за предлози во рамките на ИПА III.”
Главната цел на настанот е промоција на проектите поддржани преку програмите финансирани од ЕУ „ЕУ за општините“ и „Прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија“, како и отпочнување на првата од тематските мрежи за дигитализација.
Сите сесии ќе се одржуваат во хибриден формат, ќе бидат пренесувани преку зум, како и на социјалните медиуми.
• За онлајн присуство на конференцијата, можете да се регистрирајте се на следниот линк https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_vdCX00qSQUmiUpMUUDaKOQ
Во прилог целосната агенда на настанот:
Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за обнова на сливот на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито
На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за обнова на сливот на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, KO Волино, Општина Дебрца, со тех. бр. ПРР 049-07-21 УП од Февруари/2022 год., изработен од Градежен Инстирут МАКЕДОНИЈА АД – Скопје, ќе трае 15 во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Дебрца https://www.debrca.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 11.04.2022 год. до 27.04.2022 год., за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот во просториите на Општина Дебрца, Одделение за урбанизам, комунални и јавни дејности, заштита на животната средина и локален економски развој.



