Aug 28, 2019
На сите верници од православна вероисповед Ви упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
На овој празничен ден да испратиме порака дека како што се воздигнала Богородица и се искачила кај своето чедо Исус Христос, така заедно сите да се воздигнеме во вредностите кои се наше секојдневие – да бидеме добри луѓе, да подадеме рака, да помагаме, да се сакаме, да се почитуваме.
За многу години.
Aug 26, 2019
Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните отпочнавме со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”. Проектот опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки и др.
Ветивме дека со овие активности продолжуваме и оваа година.
Досега оваа година реализирано :
– Лешани, го решивме проблемот со пропуст на полски пат и мини разделителна градба за наводнување,
– Велмеј, го решивме проблемот со зафаќање на атмосферските води на регионалниот пат, кај селскиот дом, и реконструкција на мост по улицата кај изворите на “Истокот”.
-Врбјани, Годивје и Лактиње, решени пропустите и каналите по улиците кои се планирани за асфалтирање,
-Песочани, изградена шахта на бразда за наводнување. Навидум ситни, ама за граѓаните битни активности.
Продолжуваме понатаму…..
Aug 26, 2019
Република Северна Македонија
Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP)
MSIP-SH-MUN-DEB-01-19
1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
Република Северна Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Подобрување на општинските услуги преку набавка на нова IT опрема
2. Општина Дебрца ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка на добра – IT опрема да ги достават своите запечатени понуди.
3. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за купување како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD заеми и IDA кредити од јануари 2011 година, и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.
4. Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации на наведената адреса од 08:00 до 16:00 часот.
Општина Дебрца
Адреса: с. Белчишта бб, 6344
До: Ангел Секулоски
e-mail: asekuloski@gmail.com
Тел: +38946286855; +38978236060
5. Заинтересираните Понудувачи бесплатно ќе ја добијат комплетната тендерска документација по поднесувањето на писмена апликација на горенаведената адреса.
6. Понудите мора да се достават на горенаведената адреса до 12:00, пладне на 10/09/2019. Електронско доставување на понуди не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.
Aug 20, 2019
Денес во Министерството за финансии градоначалникот Ногачески свечено го потпиша договорот за грант во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).
Општина Дебрца доби грант средства во износ од 336 320 денари. Средствата се наменети за набавка на нова ИТ опрема, со која ќе се подобри работата и услугите кои ги дава општина Дебрца. Исто така со овој грант се набавуваат преносни компјутер за членовите на Советот на општината, со што значително ќе се намалат трошоците за печатење и достава на материјалите за седниците на советот.
Aug 19, 2019
Вечерва во центарот на село Волино се одржа 8-иот Интернационален фолклорен фестивал “Денови на Дебрца 2019”.
На фестивалот учествуваа фолклорни ансамбли од Словачка, Романија , Бугарија и КУД “Дебрца” и КУД “Младост”, Кичево, од Македонија.
Прогласувајќи го фестивалот за отворен градоначалникот Ногачески. изрази топло добредојде на сите учесници, потенцирајќи дека и оваа културна манифестација е уште еден дел од нашите заложби за културна промоција на општина Дебрца.
Претпладнето градоначалникот во кабинетот ги прими претставниците на фолклорните ансамбли од Словачка, Романија и Бугарија и ги запознав со личната карта на општина Дебрца.
Притоа, оствари средба и со градоначалникот на општина Силистеа, Романија, со кого разговаравме за можностите за идна соработка, особено на планот на аплицирањето и имплементацијата на европските проекти, при што од особено значење ќе биде искуството на нашите гости, со оглед на тоа да Романија е членка на ЕУ.
