Select Page
Честитка од градоначалникот Ногачески до полуматурантите

Честитка од градоначалникот Ногачески до полуматурантите

Учениците-полуматуранти од ОУ “Дебрца” вечерва ја имаат завршната полуматурска вечер.
Со завршувањето на 9-то одделение успешно заврши една фаза од Вашето образование, основното.
Сега сте пред нов предизвик, односно сте исправени пред избор со кој ќе треба да решите каде ќе се движат вашите професионални, а преку тоа и лични животи.
Средното училиште е од голема важност за секој ученик. Решението е во вашите раце и не се сомневам дека ќе го направите вистинскиот избор.
И притоа, и каде да го продолжите вашето образование, секогаш трудете се да постигнете најдобри резултати и да ги имате на ум познатите зборови на Нелсон Мандела, според кого, образованието е најсилното оружје со кое може да го промените светот.
Општина Дебрца секогаш ќе биде тука и со годишните образовни програми ќе ве поддржува како средношколци.
Честита полуматура и успех во средното образование.

Честитка од градоначалникот Ногачески до полуматурантите

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Рамазан Бајрам

На сите граѓани од исламска вероисповед Ви го честитам најголемиот празник во исламската вера, празникот на мирот и меѓусебното разбирање – Рамазан Бајрам.

Во духот на Празникот, Ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир и нека овој празник Ви донесе многу чисти мисли, нека ја зголеми милоста, љубовта и добрите дела во Вашите семејства, кон Вашите соседи, пријатели и сограѓани.
Честит Бајрам – Бајрам Мубарек!

Дебрца За Ретки болести на Охрид Трчат

Дебрца За Ретки болести на Охрид Трчат

Општина Дебрца континуирано дава поддршка на настаните кои се организираат за лицата со ретки болести.
Денес со ученици од ОУ Дебрца бевме дел од тим билдингот ЛИЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ на Охрид трчаТ 2019, и со тоа се приклучуваме и ја поддржуваме нивната борба за видливост пред системот, навремена, точна и бесплатна дијагноза, како и пристапност и достапност на лековите.
И секогаш имајте на ум, реткоста е предност, а не недостаток.

Градоначалникот Ногачески и претседателот на советот на општина Дебрца приредија Ифтарска вечера

Градоначалникот Ногачески и претседателот на советот на општина Дебрца приредија Ифтарска вечера

Вечерва градоначалникот Зоран Ногачески заедно до Претседателот на советот на општина Дебрца Перо Голабоски,  приредија Ифтарска вечера со нашите сограѓани од муслиманска вероисповед.

Заблагодарувајќи им се на присутните им го честитав светиот муслимански месец и претстојниот празник Рамазан Бајрам.
Ова се денови кога треба сите да си подадеме рака еден на друг, да бидеме исполнети со меѓусебно почитување, разбирање и солидарност.
Во различностите треба да е нашата сила, бидејќи сите како луѓе сме еднакви пред Бога.
Честитајќи им ги претстојните празнувања на присутните им посакав многу здравје, среќа, семеен мир, хармонија и благосостојба. кажа градоначалникот Ногачески по вечерата.

Градоначалникот Ногачески оствари средба со жителите на Белчишта

Градоначалникот Ногачески оствари средба со жителите на Белчишта

Градоначалникот Ногачески синоќа присуствува, на Собир со граѓаните на село Белчишта.
Транспарентно и отворено дебатиравме за тековните проблеми, планираните проекти, актуелниот проблем со кучињата на еден жител на селото, чистењето на одводните канали, доизградбата на фекалната канализација, реновирањето на големата сала во општинската зграда, реконструкцијата на објектот-изложбен центар на Белчишкото Блато, уредувањето на плоштадот и речното корито во центарот и други проблеми и проекти.
Транспарентна и отворена општина, за сите .

Општина Дебрца обезбеди нова механизација во рамките на проектот “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка

Општина Дебрца обезбеди нова механизација во рамките на проектот “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка

Денес во продажниот салон на “Синпекс”, во Битола градоначалникот Ногачески. присуствуваше на свечениот настан, чинот на потпишувањето на договорот со кој на општина Дебрца и се отстапува на трајно користење универзален ровокопач, со придружна опрема ( хидрауличен чекан и даска за снег ) марка Hidromec.

Механизацијата е обезбедена во рамките на Проектот: “Подобрување на општинските услуги”, имплементиран од Светска Банка и Министерство за финансии, а со средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ ( ИПА ). На настанот свое обраќање имаа Д-р. Драган Тевдовски, Министер за финансии и Никола Бертолини, раководител во Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ. Согласно Проектот, механизацијата покрај општина Дебрца, како апликант ќе можат да ја користат и партнерските општини Струга и Вевчани.

Со добивањето на механизацијата ќе се зголемат капацитетите на општините за подигнување на квалитетот на општинските услуги. Општина Дебрца во изминатава година и пол имплементира неколку проекти со средства на ЕУ, со кои се подобрија условите во руралната инфраструктура или во испораката на општинските услуги. И во наредниот период продолжуваме со реализација на неколку проекти, за кои средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ, за што во оваа прилика изразувам голема благодарност до Делегација на ЕУ. – изјави градоначалникот Зоран Ногачески по потпишувањето на договорите.