Oct 14, 2025
Пристигна противпожарното возило ,донација за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија, а кое ќе биде дадено на користење на новоформираното Доброволно противпожарно друштво “Ентузијаст Дебрца.”

Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески изразува особена благодарност до донаторот,Противпожарната бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија и до командирот на ТППЕ Охрид,Борко Јанкулоски,кој со својот несебичен ангажман е најзаслужен за реализација на оваа донација,со што се создаваат почетни услови за остварување на противпожарната заштита во општина Дебрца на поорганизирано ниво,нешто што сите овие години наназад беше основна заложба на локалната самоуправа и воопшто на граѓаните на Дебрца.
Oct 3, 2025
Денес во историското Црвена Вода, Славна Дебрца,со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето, историски час, посета на Спомен собата на ГШ на НОВ и ПОМ и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта одбележавме 82 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 година, Ден кој е патронен празник на општина Дебрца.
Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја, а
Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност , односно Асномска Македонија.

Како генерација имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки.
Затоа и во наредниот период посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.
Sep 25, 2025
- ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ предводена од Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра – Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите од РСМ
- Даниел Огненоски – кандидат за градоначалник
- Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ
- Љупчо Паункоски – кандидат за градоначалник
- Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО – ДПМНЕ
- Златко Силјаноски – кандидат за градоначалник
- ГРУПА ИЗБИРАЧИ ДИМЧЕ АНДРЕСКИ
- ГРУПА ИЗБИРАЧИ ЗОРАН НОГАЧЕСКИ
Tабела градоначалник
Република Северна Македонија
Општинска изборна комисија
Sep 25, 2025
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025 ГОДИНИ
ОПШТИНА ДЕБРЦА
УТВРДЕН РЕДОСЛЕД НА КАНДИДАТИ НА ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ ЗА
ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА
ОПШТИНА ДЕБРЦА
- ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ предводена од Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра – Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите од РСМ
- Ромео Печоски – носител на листа на кандидати за советници
- Зоран Целакоски
- Мартина Наумоска
- Сашо Китаноски
- Драге Голабоски
- Бимбила Огненовска
- Лилјана Мазенкоска
- Ристо Силјаноски
- Викторија Печоска
- Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ
1.Даниел Тороманоски – носител на листа на кандидати за советници
2.Ирена Трифуноски
3.Јовче Десаноски
4.Благоја Петрески
5.Маринела Аризановиќ
6.Горан Мајстороски
7.Горан Угриноски
8. Елена Анеска
9.Силвана Тодороска
- ЛЕВИЦА
1.Димче Тренески – носител на листа за советници
2.Андријана Трајкоска
3.Фросе Илоска
4.Стојче Крушароски
5.Данчо Качароски
6.Ељана Наумоска
7.Мирјана Цветаноска
8.Ристе Трајкоски
9.Боби Илоски
- Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО – ДПМНЕ
1.Иван Стрезоски – носител на листа на кандидати за советници
2.Никола Секулоски
3.Жаклина Дичоска
- Дарко Јордески
- Марјан Лошкоски
- Елена Наумоска
7.Анамарија Јолеска
- Наташа Петреска
9.Стојан Дукоски
- Политичка партија МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ – МКонцепт
- Борче Јончески – носител на листа на кандидати за советници
- Виолета Мицкоска
- Васе Танаскоска
4.Ленче Николеска
- Ристо Мицкоски
6.Николче Николоски
7.Ацо Јончески
8.Божанче Жилеска
9.Николче Трајчески
- Политичка партија ГРаѓанска ИНицијатива ГРИН
- Крсте Јорданоски – носител на листа на кандидати за советници
- Славчо Митрески
- Ристовка Илоска
- Ристо Целакоски
- Васкресија Митреска
- Јасмина Тасеска
- Кристина Јорданоска
- Љубе Ставрески
- Цветко Попоски
- ГРУПА ИЗБИРАЧИ ТАНЕ ЈАНЕСКИ
- Тане Јанески – носител на листа на кандидати за советници
- Димитар Скепароски
- Валентина Котеска Недеска
- Валмир Асани
- Валентина Наумоска
- Џултен Џаферовска
- Разме Стоески
- Игор Корошески
- Јована Јанеска
Tабела советници
Република Северна Македонија
Општинска изборна комисија
Sep 24, 2025
Во текот на Вчерашниот ден се изврши и последната фаза од процесот на спроведување на програмата за заштита на населението од заразни болести, се изврши дератизација на канализационите системи во општината.
Во процесот на дератизација беа опфатени 920 шахти во населените места, Белчишта, Регионален колектор од село Мешеишта до Оровник, село Мешеишта, село Волино, Село Горенци и село Оровник.
Дератизацијата ја изврши Трули Нолен, Дооел Скопје, овластена компанија за дератизација,дезнисекција и дезинфекција под надзор на епидемиолог од Центар за јавно здравје – Охрид.
Дератизацијата се изврши со помош на специјални хемиски средства , со цел да се спречи ширењето на заразни болести.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.
Sep 19, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 50-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 50–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 30.09.2025 година (вторник) , со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 49-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Буџетски календар за изготвување на Буџетот на општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната програма за работа на ОУ „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2024/2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за успехот , поведението и редовноста на учениците на ОУ „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2024/2025 година
- Предлог – Одлуката за усвојување на Извештајот за финансиско работење на ОУ „Дебрца“ с.Белчишта за период од 01.09.2024 до 15.08.2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОУ „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на есенски и пролетен излет на учениците од I до IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на еднодневна ескурзија за учениците од III одделение од ООУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за настава во природа за учениците од V одделение ОУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за дводневна научна ескурзија – VI одделение ООУ „Дебрца “ с.Белчишта за учебната 2025/2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на триневна научна ескурзија – IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување
- Предлог – Одлука за давање донација на ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Крсте Јорданоски