Select Page
Набавена нова машина за чистење на канализациони системи

Набавена нова машина за чистење на канализациони системи

Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”.

Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски.

Општината учествуваше на повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа и преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи.

Со одлука на Владата на Центарот за развој на Југозападниот плански регион се доделени 1.200.000 денари за набавка на наведената опрема за потребите на ЈПКД Дебрца Белчишта.

Набавката на оваа машина претставува значаен чекор во подобрување на комуналната инфраструктура и ефикасното одржување на канализационата мрежа. Новата механизација ќе овозможи побрзо и поквалитетно решавање на затнувањата и редовно одржување на системите за одводнување, со што директно ќе се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.

Општина  ќе продолжи да вложува во модернизација на комуналниот сектор, со цел создавање подобри услови за живот и повисок степен на јавна услуга.

Чистење на крајпатна вегетација

Чистење на крајпатна вегетација

Денес започна со чистење на крајпатна вегетација на патниот правец село Белчишта-село Ново Село и во следните денови ќе се спроведува акција за чистење на крајпатната вегетација на повеќе локални делници.

Акцијата опфаќа:

  • кастрење и косење на обрасната вегетација,
  • отстранување на ниски и високи гранки кои ја намалуваат видливоста,
  • уредување на приодите покрај патиштата.

Целта е да се зголеми безбедноста на сообраќајот и да се подобри уреденоста на јавните површини.

Ги замолуваме жителите за разбирање и внимателно движење покрај местата каде што ќе се изведуваат активности.

Примопредавање на градоначалничката функција во Општина Дебрца

Примопредавање на градоначалничката функција во Општина Дебрца

Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното  примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Сиљаноски.

На средбата, во духот на демократските вредности и институционален континуитет, беше извршено примопредавањето, со што новоизбраниот градоначалник ја презеде одговорноста за раководење со локалната самоуправа на Општина Дебрца.

Досегашниот градоначалник Ногачески му посака успех во работата на својот наследник, изразувајќи уверување дека Општината ќе продолжи да се развива во интересите на сите жители

Новиот градоначалник Сиљаноски се заблагодари за досегашната соработка и довербата добиена од граѓаните, нагласувајќи дека негов приоритет ќе биде транспарентно, одговорно и посветено работење во интерес на секој жител на Општина Дебрца.

Со ова примопредавање официјално започнува новиот мандат на градоначалникот Златко Сиљаноски, кој ја презема функцијата со цел за натамошен развој, подобрување на инфраструктурата, унапредување на јавните услуги и создавање подобри услови за живот во нашата општина.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 ДО 10.11.2025 година  ВО СЕЛО МЕШЕИШТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 ДО 10.11.2025 година ВО СЕЛО МЕШЕИШТА

Почитувани жители на село Мешеишта,

Ве известуваме дека на ден 07.11.2025 (петок) ќе биде пуштен во употреба новиот резервоар за вода, изведен од фирмата „Маркоски“ ДООЕЛ.

Во текот на изведувањето НЕМА ДА ИМА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО,но по пуштањето на резервоарот ќе се изврши ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СИСТЕМОТ.

Од тие причини, ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 (ПЕТОК) ДО 10.11.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) ВОДАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ПИЕЊЕ И ХИГИЕНА!

ДОЗВОЛЕНО Е САМО КАКО ТЕХНИЧКА ВОДА.

 

Ви благодариме на разбирањето и соработката

Општина Дебрца

Среќно пензионирање на нашата почитувана колешка – Лилјана Аврамоска

Среќно пензионирање на нашата почитувана колешка – Лилјана Аврамоска

Денес сме собрани со убава, но и малку емотивна причина – да ѝ посакаме среќно пензионирање на нашата почитувана колешка Лилјана Аврамоска, долгогодишен вработен во  Aрхива при Општина Дебрца.

Лилјана во текот на својата работа беше пример за посветеност, одговорност и скромност. Со нејзината прецизност, совесност и мирен карактер, таа успеа да внесе ред, доверба и стабилност во секојдневното функционирање на службата.

Ние, нејзините колеги, ќе ја паметиме по љубезната насмевка, подготвеноста секогаш да помогне, и по тивката, но сигурна сила со која придонесуваше колективот да биде подобар и посложен тим.

Драга Лилјана,
Твоето заминување во пензија е почеток на едно ново, заслужено поглавје во твојот живот. Пензионерските денови да ги поминеш во добро здравје, со многу радост, семејна топлина и време за сите нешта што можеби досега не си стигнала да ги правиш.

Во името на сите вработени во Општина Дебрца,ти упатуваме искрена благодарност за твојот труд, лојалност и придонес во развојот на нашата институција.

Ти посакуваме среќно пензионирање, спокојни денови и многу убави моменти со најблиските.

ИЗБИРАЧКИ МЕСТА  -ОИК ДЕБРЦА

ИЗБИРАЧКИ МЕСТА -ОИК ДЕБРЦА

1314 БЕЛЧИШТА ДЕБРЦА ОПШТИНСКА ЗГРАДА С. БЕЛЧИШТА
1315 НОВО СЕЛО ДЕБРЦА ПРОДАВНИЦА НА ” ОХРИДСКА ТРГОВИЈА “ С. НОВО СЕЛО
1316 БОТУН ДЕБРЦА МЕСНА ЗАЕДНИЦА С. БОТУН
1317 ПЕСОЧАНИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ПЕСОЧАНИ
1318 ЦРВЕНА ВОДА ДЕБРЦА ПРОДАВНИЦА НА ” ОХРИДСКА ТРГОВИЈА “ С. НОВО СЕЛО
1319 ЗЛЕСТИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ЗЛЕСТИ
1320 ВЕЛМЕЈ ДЕБРЦА ЗАДРУЖЕН ДОМ С. ВЕЛМЕЈ
1321 БРЕЖАНИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. БРЕЖАНИ
1322 ЛЕШАНИ ДЕБРЦА ДОМ НА КУЛТУРАТА С. ЛЕШАНИ
1323 ГОРНО СРЕДОРЕЧИЕ ДЕБРЦА ПРИВАТЕН ОБЈЕКТ С. ГОРНО СРЕДОРЕЧЈЕ
1324 СЛАТИНО ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. СЛАТИНО
1325 ИЗДЕГЛАВЈЕ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ИЗДЕГЛАВЉЕ
1326 ОЗДОЛЕНИ ДЕБРЦА ЗАДРУЖЕН ДОМ с.ОЗДОЛЕНИ С.ОЗДОЛЕНИ
1327 СОШАНИ ДЕБРЦА С. ОЗДОЛЕНИ
1328 СЛИВОВО ДЕБРЦА ЦРКВА ВО с.ЛАКТИЊЕ С.ЛАКТИЊЕ
1329 АРБИНОВО ДЕБРЦА С.ЛАКТИЊЕ
1330 МРАМОРЕЦ ДЕБРЦА С.ЛАКТИЊЕ
1331 ТУРЈЕ ДЕБРЦА С.ЛАКТИЊЕ
1332 ГОДИВЈЕ ДЕБРЦА МЕСНА ЗАЕДНИЦА С. ГОДИВЈЕ
1333 ВРБЈАНИ ДЕБРЦА ЗАДРУЖЕН ДОМ С. ВРБЈАНИ
1334 ЛАКТИЊЕ ДЕБРЦА ЗАДРУЖЕН ДОМ С. ЛАКТИЊЕ
1343 ОРОВНИК ДЕБРЦА ДОМ НА КУЛТУРАТА С. ОРОВНИК
1344 ГОРЕНЦИ ДЕБРЦА ОБЈЕКТ НА ПОРАНЕШНА “ОХРИДСКА ТРГОВИЈА” С. ГОРЕНЦИ
1345 ТРЕБЕНИШТА ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ТРЕБЕНИШТА
1346 ВОЛИНО ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ВОЛИНО
1347 МЕШЕИШТА ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. МЕШЕИШТА
1348 КЛИМЕШТАНИ ДЕБРЦА МЕСНА ЗАЕДНИЦА С. КЛИМЕШТАНИ
1349 МЕШЕИШТА ДЕБРЦА З. З. ” СЛАВЕЈ “ С. МЕШЕИШТА