Jun 13, 2019
Денес во Подрачното училиште во село Мешеишта градоначалникот Ногачески присуствуваше на предавањето на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование .На настанот, по предлог на наставниците, на ученикот Филип Вичороски, градоначалникот Ногачески, во име на општина Дебрца, свечено му додели плакета за ученик на генерација 2015-2019 во ОУ “Дебрца” – Белчишта.
На ученикот на генерација општината му доделува и парична награда, од 15.000 денари.
На сите полуматуранти уште еднаш им го честитам завршувањето на основното образование и им посакувам многу успех во понатамошното образование. – рече градоначалникот Ногачески по доделувањето.
Jun 11, 2019
Денес градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на два настани во Струга.
Наработилницата за фондовите и програмите на ЕУ, Г-дин Никола Бертолини, Раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ ги презентираше можностите за нивно искористување на локално ниво.

На регионална конференција „Партнерства за забрзана децентрализација, инклузивен и одржлив раст“ која се организира во рамки на проектот „Унапредување на општинското владеење“ финансиран од страна на Европската унија, а спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии низ отворен дијалог се разговараше за релевантни прашања поврзани со процесот на децентрализација вклучувајќи го финансирањето на единиците на локалната самоуправа, испораката на локалните услуги и улогата на урбаните и месните заедници, како и можностите за поддршка на општините од страна на Европската унија, УНДП и од други извори.
Меѓу другото, на оваа конференција УНДП го презентира и новиот Фонд за техничка документација наменет за општините.


Jun 8, 2019
Учениците-полуматуранти од ОУ “Дебрца” вечерва ја имаат завршната полуматурска вечер.
Со завршувањето на 9-то одделение успешно заврши една фаза од Вашето образование, основното.
Сега сте пред нов предизвик, односно сте исправени пред избор со кој ќе треба да решите каде ќе се движат вашите професионални, а преку тоа и лични животи.
Средното училиште е од голема важност за секој ученик. Решението е во вашите раце и не се сомневам дека ќе го направите вистинскиот избор.
И притоа, и каде да го продолжите вашето образование, секогаш трудете се да постигнете најдобри резултати и да ги имате на ум познатите зборови на Нелсон Мандела, според кого, образованието е најсилното оружје со кое може да го промените светот.
Општина Дебрца секогаш ќе биде тука и со годишните образовни програми ќе ве поддржува како средношколци.
Честита полуматура и успех во средното образование.
Jun 3, 2019
На сите граѓани од исламска вероисповед Ви го честитам најголемиот празник во исламската вера, празникот на мирот и меѓусебното разбирање – Рамазан Бајрам.
Во духот на Празникот, Ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир и нека овој празник Ви донесе многу чисти мисли, нека ја зголеми милоста, љубовта и добрите дела во Вашите семејства, кон Вашите соседи, пријатели и сограѓани.
Честит Бајрам – Бајрам Мубарек!
Jun 2, 2019
Општина Дебрца континуирано дава поддршка на настаните кои се организираат за лицата со ретки болести.
Денес со ученици од ОУ Дебрца бевме дел од тим билдингот ЛИЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ на Охрид трчаТ 2019, и со тоа се приклучуваме и ја поддржуваме нивната борба за видливост пред системот, навремена, точна и бесплатна дијагноза, како и пристапност и достапност на лековите.
И секогаш имајте на ум, реткоста е предност, а не недостаток.
Jun 1, 2019
Вечерва градоначалникот Зоран Ногачески заедно до Претседателот на советот на општина Дебрца Перо Голабоски, приредија Ифтарска вечера со нашите сограѓани од муслиманска вероисповед.
Заблагодарувајќи им се на присутните им го честитав светиот муслимански месец и претстојниот празник Рамазан Бајрам.
Ова се денови кога треба сите да си подадеме рака еден на друг, да бидеме исполнети со меѓусебно почитување, разбирање и солидарност.
Во различностите треба да е нашата сила, бидејќи сите како луѓе сме еднакви пред Бога.
Честитајќи им ги претстојните празнувања на присутните им посакав многу здравје, среќа, семеен мир, хармонија и благосостојба. кажа градоначалникот Ногачески по вечерата.
