Select Page
Во сабота ќе спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци

Во сабота ќе спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014  и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното  соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека  на ден    01.06.2018 год. (петок)   екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид  ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци .

Третирањето ќе биде од земја во  период од   05  до 08 часот.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Белчишко блато   и крајбрежјето на  Голема река со опфат на Грко поле,Средоречје   и Ново село.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  231 881: 230 231.

Со почит,

Одделение за епидемиолошка дејност Охрид

29.05.2018 година

Работилница за здрав начин на исхрана

Работилница за здрав начин на исхрана

Среда (30.05.2018г) во просториите на Општинската зграда во Белчиста со почеток од 13:00 часот. проф д-р Јадранка Бибан ќе одржи работилница во која тема на дискусија ќе биде здравиот начин на исхрана.

Поканети се сите кои се заинтересирани да научат нешто повеќе за ваквиот начин на живот.

Финансиска поддршка за еднодневни туристички патувања на пензионерите од Општина Дебрца

Финансиска поддршка за еднодневни туристички патувања на пензионерите од Општина Дебрца

Согласно Годишната програма за социјална заштита, општината Дебрца обезбедува финансиска поддршка за еднодневни туристички патувања на пензионерите до излетнички места во државата и соседните земји.


Во тој контекст, Општината ги покри трошоците за превоз за денешната еднодневна екскурзија на пензионерите од нашата општина на релација Дебрца – Свети Наум, Поградец – Корча – Воскопоје (Република Албанија) и обратно.
Општина Дебрца останува отворена и за други видови на соработка и поддршка на активностите на пензионерите од нашата општина.

Во Требеништа отворена првата ракометна школа Вардар Седмерец

Во Требеништа отворена првата ракометна школа Вардар Седмерец

Денес попладнево во Балон спортската сала во село Требеништа градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваш на отворањето на ракометната школа за Дебрца, во организација на Ракометната школа Вардар Седмерец, од Охрид, која е дел од Ракометната Академија Вардар.

На отворањето салата изгледаше прекрасно, бидејќи присуствуваа повеќе од 80 дечиња, со желба да ги научат сите тајни на ракометот.
Поздравувајќи ги дечињата им посакав успешна работа, со желби да се развиваат под брендот на актуелниот европски шампион Вардар, и надеж од школата да излезат многу таленти, кои преку вардаровите селекции еден ден ќе израснат во професионални ракометари.
Ние како општина,чија основна заложба е поттик на спортот максимално ќе ја поддржуваме ракометната школа, која за првпат се отвора во Дебрца и на наредната седница на советот на општината ќе предложам дополнување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца, со што ќе обезбедиме и финансиска поддршка за школата.
Искрено се надевам дека истата ќе произведе квалитетни млади ракометни таленти од нашата општина. – истакна градоначалникот Ногачески.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО ПРОСЛЕДЕНО СО ВЕТЕР, СИЛЕН ДОЖД И ГРАД НА 06.05.2018 ГОДИНА

Се повикуваат граѓаните на Општина Дебрца кои сметаат дека невремето проследено со ветер, силен дожд и град  кое го зафати  подрачјето  на Општина Дебрца на 06.05.2018 година, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( земјоделски површини засадени со култури, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори) , истата да ја пријават во просториите на општина Дебрца.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот  од 11.05.2018 година (петок), во архивата на Општина Дебрца, или на телефонскиот број 046/286-855.

 Лице за контакт од Општина Дебрца за пријавување на штетите е Љупчо Балески, член на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

Со барањето да се достави копија од имотен лист, а доколку лицата поседуваат фотографии истите да ги приложат.

Број 03-1000/1                                                                            ОПШТИНА ДЕБРЦА

10.05.2018 година                                                                                 с.Белчишта