Mar 18, 2024
Комисијата составена од: Билјана Суклоска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Никола Короскоски советник при советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр. 09-110/1 од 05.02.2024 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2023-2024 година, утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:
- Митреска Зоран Зорица
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Блажески Дончо Мери
– комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Велјановски Стојмир Кристијан
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
4. Јосифоска Страшо Марија
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Силјаноски Александар Алекс
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
- Наумоски Јонче Петар
-комплетна документација согласно објавениот конкурс
Mar 16, 2024
Ги потсетуваме граѓаните и правните лица дека се должни да ги измират своите обврски по основ на данок на имот и комунална такса.
Во наредниот период, општинската даночна администрација до сите даночни обврзници-должници по основ на данок на имот и комунална такса ќе достави последни опомени со дополнителен примерен рок за плаќање на заостанатите обврски,кои ги имаат заклучно со 31.12.2023 година.
Со оглед на тоа да во изминатиот период не сме користеле присилна наплата апелираме до даночните должници да постапат по опомените и да ги измираат своите обврски во примерниот рок, како не би се изложиле на дополнителни трошоци за присилна наплата, мерка на која сме обврзани согласно законот за даноците на имот.
За сите дополнителни информации можете да се обратите до општинската даночна администрација.
Mar 15, 2024
Во делот на приходите биле планирани 126.520.050 ,00 денари, а остварени се 144.543.499,00 денари или процент на остварување од 114 %.
Во делот на расходите биле планирани 126.520.050 ,00 денари, а направени се 114.077.791,00 денари или процент на остварување од 90 %.
Во делот на капиталните расходи / инвестиции од планираните 30.030.722 ,00 денари, рализирани се 23.491.645,00 денари или процент на остварување од 78 %.
Капиталните инвестиции се поголеми, бидејќи дел од инвестициите по поднесени апликации од општината директно се финансираат од националните програми, преку централниот буџет.
Салдото на буџетската сметка на 31.12.2023 изнесува 38.356.474,00 денари.
Салдото на доспеани, неплатени обврски на општината на 31.12.2023 изнесува 5.448.063,00 денари.
Трошоци за репрезентација на градоначалникот – нула денари
Трошоци за дневници за службени патувања на градоначалникот – нула денари
Повеќе детали за завршната сметка на следниот линк:
https://debrca.gov.mk/wp-content/uploads/2024/03/2023.pdf
Mar 14, 2024
Со проектот ќе се расчисти распаднатиот дел од селскиот дом , изгради тротоар , во должина од 66 метри, реконструкција на споменикот, изградба/асфалтирање на спортско игралиште,заградување со метална ограда,поставување столбови и рефлектори за осветлување, спортски реквизити/фудбалски стативи , кошеви, клупи,/.
Проектот се финансира со средства од Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2024 година и буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Работите ги изведува фирмата Маркоски 73 дооел Струга.
Mar 13, 2024
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-Фаза 2, кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започнува со изработка на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година. За таа цел е предвидено одржување на работилница за подготовка на SWOT анализа за потребите на интегрираниот локален развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година, работилницата ќе ја водат претставниците на SEG Holding.
Работилницата ќе се одржи на 20.03.2024 (среда) со почеток во 10:00 часот, во салата на советот на општина Дебрца с, Белчишта.
Вашето присуство на работилницата е многу значајно за успешноста на изработката на SWOT анализата (и запознавање со ресурсите на општината) како и за квалитетна изработка на ИЛРП (интегриран локален развоен план).
Прилог: Дневен ред
Прилог 1 Агенда
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Mar 11, 2024
Почитувани граѓани од исламска вероисповед, од срце Ви го честитам почетокот на светиот месец Рамазан , Ви посакувам да го поминете во добро здравје и нека Вашите домови и срца бидат исполнети со радост, среќа, спокој и мир.
Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека ни биде водилка и сега и во иднина.
Да покажеме како и низ вековите наназад дека со заемно почитување и заедничко разбирање можеме да работиме за доброто на нашиот заеднички дом, нашата заедничка татковина , Република Македонија.
Нека е лесен и благословен Вашиот пост.
Нека е честит светиот месец Рамазан