Активности на ЈКП ,,Дебрца”
- Чистење на резервоарот за вода во Горенци
- Санација на пат во Ботун предизивикан од ископ за приклучок на водоводна мрежа
- Премостување на дел од водоводната мрежа во Ново Село
Во село Волино интензивно се работи на реконструкција на улица во должина од 1300 метри.
Проектот се реализира со средства обезбедени преку програмата за поврзување на локални патишта,а градежните работи ги изведуваат Ленди Груп Скопје и Маркоски К73 Струга.
Во прилог краток видео запис,
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 25-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 25–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 31.10.2023 година (вторник, со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца).
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски
Белчишко Блато е идентификувано како потенцијално Натура 2000 подрачје.Ова добро зачувано мочуриште, со поплавени шуми и влажни пасишта, е едно од најважните во земјава. Специфично е поради различните типови на мочуришни живеалишта, особено поплавената Евелова шума. Во него живеат многу видови кои е неопходно да се заштитат.
Разговор со Богољуб Стеријовски – технички асистент на тим лидерот на „Натура 2000“
Општина Дебрца ги потсетува своите даночни обврзници дека тече рокот за плаќање на данокот на имот и комуналната такса.
Во изминатиот период од страна на општинската администрација беа доставени даночните и решенијата за комунална такса за 2023 година, а до даночните обврзници кои имаат заостанати обврски заклучно со 31.12.2022 година се доставени опомени со дополнителен рок за подмирување на обврските.
Во наредниот период до сите даночни обврзници кои не ги подмириле обврските и во дополнителниот рок ќе бидат доставени последни опомени , по што следува донесување на решенија за присилна наплата, а за што градоначалникот и општинската даночна администрација се задолжени согласно законот.
Уште еднаш апелираме до даночните должници да постапат по опомените и да ги измираат своите обврски во примерниот рок, како не би се изложиле на дополнителни трошоци за присилна наплата.
Воедно, Ве известуваме дека од страна на општинската даночна администрација е започната постапка за ажурирање на податоците од даночните регистри.
За сите дополнителни информации можете да се обратите до општинската даночна администрација.
Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор”, кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, општина Дебрца аплицираше со под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца, односно замена на постојните светилки од улично осветлување во населените места во Општина Дебрца”.
Општина Дебрца и Министерството за финансии го потпишаа договорот за подзаем и грант, со кој за реализација на подпроектот се обезбедуваат вкупно 31.084.976 денари, од кои 24.867.981 денари се подзаем, а 6.216.995 денари се грант.
По завршувањето на тендерската постапка,согласно правилата на Светска Банка ќе започне имплементација на овој капитален проект, со кој ќе бидат заменети вкупно 1412 постојни улични светилки во населените места во општината со нови, со современа лед технологија.