Select Page
Одобрени средства за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3

Одобрени средства за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3

Преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, а по аплициран проект до Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се 2.000.000 денари за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.

Во наредниот период ќе се пристапи кон објавување на  тендерската постапка  со што ќе се имплементира проектот.

 

Завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на село Лактиње

Завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на село Лактиње

Во село Лактиње се завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на селото.

Во должина од 110 метри каналот е уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри отворен и бетониран, покриен со метални решетки.

Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.

Известување за  Земјоделците за  директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023 (СУБВЕНЦИИ) објавен од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

Известување за Земјоделците за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023 (СУБВЕНЦИИ) објавен од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

Почитувани земјоделци,

Ве информираме дека во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023.

Апликациите може да се поднесат електронски преку порталот https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk или директно во канцеларијата  на МЗШВ  подрачна единица Охрид

Земјоделците ги потсетуваме дека рокот за електронското аплицирање е отворен до 30 јуни.

За повеќе информации за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023 може да добиете дирекно во канцеларијата  на МЗШВ  подрачна единица Охрид

Јавен Оглас: За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи

Јавен Оглас: За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2023 година, број 01-2222/13 , од 14.11.2022 година и број 01-85/8 , од 08.02.2023 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи

1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 општ работник ( ракувач со моторна пила, тример, косачка за трева ), за времетраење до 31.12.2023 година, за извршување на јавни работи и тоа Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи).

2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно  член 83, 84 и 85 од  Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 850 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

-Пријава и

-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае пет дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk , односно до 09.06.2023 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.

Пријава

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески

20-та седница на Советот на општината Дебрца

20-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 20-та седница на Советот на општината Дебрца

  Ја свикувам 20-та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден  30.05.2023 година (вторник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:

 Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 

  1. Усвојување на записник од 19-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2023 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2023 до 31.03.2023 година
  4. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2023 година
  5. Предлог – Годишна Програма за изменување и дополнување на годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2023 година
  6. Предлог – Годишната програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2023 година
  7. Предлог – Правилник за изменување на Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување еднократна парична помош од Буџетот на општина Дебрца
  8. Предлог – Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
  9. Предлог – Решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Охрид
  10. Предлог – Решение за именување член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Охрид
  11. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Дебрца за 2023 година

 

Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Претседател,

Илчо Алексоски

 

 

Започна  Замената на дел од регионалниот цевководот кај пумпната станица ,,Св Еразмо”

Започна Замената на дел од регионалниот цевководот кај пумпната станица ,,Св Еразмо”

Започна замена на дел од регионалниот цевковод  кој излегува од пумпната станица ,,Св. Еразмо”, со која се предвидува демонтажа на постоечка метална водоводна цевка ф315 и замена  со полиетиленска HDPE цевка  ф315 PN 16 во должина од 180м  како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем.

Со овој зафат се подобрува активноста на регионалниот водоснабдителен систем како и намалување на дефектите на тој потег.

Средствата во висина од 3.782.826,00 денари со вклучен ДДВ се обезбедни од буџетот на Општина Дебрца