Промоција на новата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“
Денес градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески во управната зграда на Пивара Скопје / Pivara Skopje беше дел од промоцијата на новата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи. Главната цел на оваа платформа е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување.
Првата фаза на реализација на целите на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ , опфаќа повеќе активности за чистење и заштита на Охридското Езеро, со целосна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак, општините Охрид, Струга и Дебрца, нуркачките клубови Амфора и Акватек, волонтерите од Пивара Скопје и Мен анд Маунтаин.
Во акцијата за најава на платформата беа исчистени над 100.000 метри квадратни површина од отпад од дното и крајбрежјето на Охридското Езеро.
За наредната година планирани се уште неколку акции за чистење, како и активности за пошироко вклучување на заедницата, за јакнење на свесноста и заштита на националната гордост – Охридското Езеро.
USAID: Одржана обуката за вработените во општина Дебрца за ажурирање на даночната дата база
Општина Дебрца, партнер на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е одлучна во зголемување на приходите од сопствени извори на финансирање!
Претставници на општинската администрација, присуствуваа на обуката за ажурирање на даночната дата база на податоци за данокот на имот, водена од Ирена Поцкова и Љубица Патлиџанковска.
Шест учесници имаа можност да се запознаат со Законот за данок на имот со посебен акцент на последните законски измени и Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижен имотот, и како да подготват план за спроведување на теренски попис на недвижен имот.
Како резултат на обуката, одговорните лица ќе можат ефикасно да спроведат теренски активности преку:
✔дефинирање чекори за спроведување на теренски активности за попис на недвижниот имот и ажурирање на даночната дата база
✔oсновна практична обука на општинските тимови на попишувачи на недвижен имот
Ljubica Patlidzankovska , директор за финансиска самоодржливост ги претстави проектните активности за прибирање приходи од сопствени извори и поддршката која следи во наредниот период за партнер општините.
Strengthening Resource Mobilization Activity – North Macedonia USAID North Macedonia
РЕШЕНИЕ со кое се утврдува потребата од оценка на влијание на проектот: ‘’Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито
Врз основа на член 81 став 8 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 44/2015, 129/2015, 9/2016 и 99/2018) Министерството за животна средина и просторно планирање донесе РЕШЕНИЕ со кое се утврдува потребата од оценка на влијание на проектот: ‘’Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито’’. Решението може да се симне тука.
Граѓански Буџет 2023 – Отворен Ден со Месните заедници
Тргнувајќи од нашата заложба да обезбедиме ефикасна граѓанска партиципација во процесот на креирањето на локалните политики и да го зголемиме непосредното учество на граѓаните во носење на одлуките на локално ниво и во контрола на спроведувањето на усвоените политики и одлуки денес преставници од општина Дебрца остварија работна средба со претставници на месните заедници од општината Дебрца.
Преку транспарентен и интерактивен пристап разговаравме за сите приоритетни проблеми во месните заедници, со цел истите да ги детектираме и пристапиме кон подготовка на инвестиционо-технички документации , поднесување на апликации за обезбедување на финансиски средства и имплементација на проектите.
Поголем дел од предложените проекти, пристигнаа преку ново-воведениот електронски систем за предлог идеи. Истите откако ќе бидат разгледани од општинските служби ќе бидат доставени на увид пред Советот на општина Дебрца
Голем дел од денес изнесените проблеми веќе се составен дел на годишните програми на општината, некои допрва ќе бидат земени во предвид, а некои ќе почекаат подобри времиња.
Приоритетите на месните заедници треба да ги утврдат непосредно граѓаните, а не да бидат наметнати решенија од локалните или централните власти.
Во секој случај, имавме една плодна дебата и продолжување на практиката да се слуша мислењето на граѓаните.
Граѓаните своите предлози и идеи за Буџет 2023, може да ги доставуваат до заклучно 15.12 2023 година.

