Select Page
Резултати од конкурсот за доделување на стипендии редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2023/2024

Резултати од конкурсот за доделување на стипендии редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2023/2024

Комисијата составена од: Билјана Суклоска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Никола Короскоски советник при советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.  09-110/1 од 05.02.2024 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно  конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2023-2024 година, утврди дека ги исполнуваат условите следните кандидати:

  1. Митреска Зоран Зорица

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1. Блажески Дончо Мери

– комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1.  Велјановски Стојмир Кристијан

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

4.  Јосифоска Страшо Марија

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1.  Силјаноски Александар Алекс

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

  1.  Наумоски Јонче Петар

-комплетна документација согласно објавениот конкурс

Потсетување до граѓаните и правните лица за подмирување на своите обврски по основ на данок на имот и комунална такса

Потсетување до граѓаните и правните лица за подмирување на своите обврски по основ на данок на имот и комунална такса

Ги потсетуваме граѓаните и правните лица дека се должни да ги измират своите обврски по основ на данок на имот и комунална такса.

Во наредниот период, општинската даночна администрација до сите даночни обврзници-должници по основ на данок на имот и комунална такса ќе достави последни опомени со дополнителен примерен рок за плаќање на заостанатите обврски,кои ги имаат заклучно со 31.12.2023 година.

Со оглед на тоа да во изминатиот период не сме користеле присилна наплата апелираме до даночните должници да постапат по опомените и да ги измираат своите обврски во примерниот рок, како не би се изложиле на дополнителни трошоци за присилна наплата, мерка на која сме обврзани согласно законот за даноците на имот.

За сите дополнителни информации можете да се обратите до општинската даночна администрација.

Советот на општината на 31-та седница едногласно ја усвои завршната сметка на буџетот на општина Дебрца за 2023 година.

Советот на општината на 31-та седница едногласно ја усвои завршната сметка на буџетот на општина Дебрца за 2023 година.

Во делот на приходите биле планирани 126.520.050 ,00 денари, а остварени се 144.543.499,00 денари или процент на остварување од 114 %.

Во делот на расходите биле планирани 126.520.050 ,00 денари, а направени се 114.077.791,00 денари или процент на остварување од 90 %.

Во делот на капиталните расходи / инвестиции од планираните 30.030.722 ,00 денари, рализирани се 23.491.645,00 денари или процент на остварување од 78 %.

Капиталните инвестиции  се поголеми, бидејќи дел од инвестициите по поднесени апликации од општината директно се финансираат од националните програми, преку централниот буџет.

Салдото на буџетската сметка на 31.12.2023 изнесува 38.356.474,00 денари.

Салдото на доспеани, неплатени обврски на општината на 31.12.2023 изнесува 5.448.063,00 денари.

Трошоци за репрезентација на градоначалникот – нула денари

Трошоци за дневници за службени патувања на градоначалникот – нула денари

Повеќе детали  за завршната сметка на следниот линк:

https://debrca.gov.mk/wp-content/uploads/2024/03/2023.pdf

 

 

Покана за  работилница за изработка на првиот интегриран  локален  развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година

Покана за работилница за изработка на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година

Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-Фаза 2, кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започнува  со изработка на првиот интегриран  локален  развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година. За таа цел е предвидено одржување на работилница за подготовка на SWOT анализа за потребите на интегрираниот  локален  развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година, работилницата ќе ја водат претставниците на SEG Holding.

Работилницата  ќе се одржи на 20.03.2024 (среда) со почеток во 10:00 часот, во  салата на советот на општина Дебрца с, Белчишта.

 

Вашето присуство на работилницата е многу значајно за успешноста на изработката на  SWOT анализата (и запознавање со ресурсите на општината) како и за квалитетна изработка на ИЛРП (интегриран  локален  развоен  план).

Прилог: Дневен ред

Прилог 1 Агенда

Со почит:

Градоначалник на Општина Дебрца

Зоран Ногачески

Предвидени капитални инвестиции за 2024 година

Предвидени капитални инвестиции за 2024 година

Се привршува еден од најголемите проекти во општина Дебрца во делот на патната инфраструктура, реконструкција на улица и плоштадот во село Волино.

Проектот е финансиран преку проектната единица на Министерството за транспорт и врски, по поднесена апликација од општината, со средства обезбедени преку Светска банка.

Дополнително, ЕВН инвестираше за каблирање на електро дистрибутивната мрежа, а Македонски Телеком за каблирање на оптички телефонски кабел.

Општината инвестираше за изведба на индивидуалните електрични приклучоци.

Благодарност до изведувачот,фирмата “Ленди Груп” Скопје, а особено голема благодарност до подизведувачот, фирмата “Маркоски 73” ДООЕЛ Струга за висококвалитетното и предвремено привршување на работите.

Благодарност и до човекот, кој е проектен творец на оваа приказна, човекот кој за жал не е повеќе со нас, но неговото дело останува засекогаш, Иван Лошкоски,дипл.инж.арх./ нека му е слава/

Во 2024 година најавуваме нови капитални инвестиции, како

ОРОВНИК

Реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор,

Уредување на просторот кај чешмата,

Доуредување и дополнување со детски реквизити на постојното детско игралиште

Поставување на централно греење во училиштето

ГОРЕНЦИ

Асфалтирање на улици

Уредување на детско катче во центарот

Изградба на каптажа кај црква Св,Никола

ТРЕБЕНИШТА

Асфалтирање на пристапен пат- улица до црква Св.Недела

Изградба на канализациона мрежа / прва фаза

Поставување на фотонапонска централа кај пумпна станица

ВОЛИНО

Доуредување на детско игралиште и паркот во центарот на селото,

Санација на трибина на спортско игралиште

МЕШЕИШТА

Набавка на нова пумпа за водоснабдување и санација на стариот резервоар

Поставување на фотонапонска централа кај пумпна станица

Асфалтирање на улици

Доизградба на канализационата мрежа

БОТУН

Реконструкција и адаптација на објект на месна заедница-поранешната селска продавница

БЕЛЧИШТА

Реконструкција на административна зграда на општината / 2 фаза,

Уредување-бетонирање на речното корито во центарот на селото

Уредување на детско игралиште во училишниот двор

ЛЕШАНИ

Асфалтирање на улици

Изградба на фекална канализација/ 2 фаза

ВЕЛМЕЈ

Асфалтирање на улица и одбојкарското игралиште

Осветлување на Крстот во црквата Св.Спас

ЗЛЕСТИ

Уредување на центарот и изградба на спортско игралиште,

Уредување на канал за наводнување

ГОДИВЈЕ

Реконструкција на кровна конструкција на задружен дом

Уредување-бекатонирање на просторот кај црква Св.Вартоломеј

ЛАКТИЊЕ

Асфалтирање на центарот и улица

ПЕСОЧАНИ

Асфалтирање на улица

Уредување на надворешна фасада на поранешната училишна зграда

ИЗДЕГЛАВЈЕ

Тампонирање со гребен асфалт на пат до црква Св.Димитрија

ОЗДОЛЕНИ

Асфалтирање на улица

СОШАНИ

Тампонирање на пат до црква Св.Никола

СЛАТИНО

Асфалтирање на улички

ДОЛНО СРЕДОРЕЧЕ

Рехабилитација на дел од патот до селото

КЛИМЕШТАНИ

Санација на објект на месна заедница

НОВО СЕЛО

Асфалтирање на улички

СЛИВОВО

Тампонирање на пат до црква Св.Атанасиј

 

 

 

Прочистени и проодни локалните патишта од снежните врнежи

Прочистени и проодни локалните патишта од снежните врнежи

По снежните врнежи кои изминатата ноќ ја зафатија територијата на општина Дебрца,  Ве известуваме дека сите патни правци кон селата во Горна Дебрца вклучително и земјените-макадамски патишта се прочистени и проодни, а од страна на  екипите на општината  задолжени за зимско одржување  се врши  утврдување каде е потребно да се дејствува.