Jul 28, 2021
Ве известуваме дека рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 која ја зафати територијата на општина Дебрца наместо 28.07.2021 година ќе биде продолжен до, заклучно со 09.08.2021 (понеделник) .
Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.
- Покрај барањето секој барател треба да достави:
- копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
- копие од трансакциска сметка;
- доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копие од имотен лист; копие од договор за закуп ).
НАПОМЕНА: Граѓание кои претходно поднеле барање за штета предизвикана од доцните пролетни мразеви, со барањето не мора да доставуваат копие од лична карта и трансакциска сметка.
За сите дополнителни информации може да се обратите на тел. 046 286 855.
1.ПРИЈАВА
2. ИЗЈАВА за ШТЕТИ
Jul 27, 2021
Почитувани,
Инфо деновите за мерка 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси, кои започнаа во Кочани и Берово, ќе продолжат во Охрид и Вевчани.
На 28 јули 2021 година (среда), Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе одржат информативно- едукативни настани во:
– Охрид, во салата за совет на општина Охрид во 11.00 часот.
Инфо деновите се со цел подобра информираност на заинтересираните странки во врска мерката 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и поставување на прашања и добивање на одговори за сите странки кои се заинтересирани за аплицирање по оваа мерка.
Јавниот повик 01/2021 за мерката 7 е објавен на 8ми јули 2021 година и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата со цел до 22 август 2021 година сите заинтересирани странки да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација, која се бара во Јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Приоритетни сектори по кои може да се аплицира со овој Јавен Повик се:
- Алтернативно земјоделско производство
- Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
∙€€€€€€€€Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
∙€€€€€€€€Колачи, тестенини и пекарски производи;
∙€€€€€€€€Чај и билни екстракти;
∙€€€€€€€€Зачини и билки;
∙€€€€€€€€Слатководна риба, ракови и мекотели и
∙€€€€€€€€Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
- Производство на не-прехранбени производи
- Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
- Обезбедување на услуги во земјоделството
- Развој на услуги за руралното население
- Промоција на руралниот туризам
Јавниот повик 01/2021 е објавен на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД www.ipard.gov.mk
За дополнителни информации и детали за предходната најава за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.
Jul 20, 2021
Во село Лактиње работиме на реконструкција на кровот на селскиот дом.
Вкупната вредност на работите изнесува 549.750 денари без ддв, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2021 година. Според динаминката работата треба да заврши кај средината на месец Август.
Jun 7, 2021
Инвестираме во учениците и студентите и нивната мотивација за постигнување на особени резултати во учењето.
Ве информирме дека од сметката на општинскиот буџет се исплатени 202.500 денари за ученички стипендии за учебната 2020/2021 година и 135.000 денари за студентски стипендии за студиската 2020/2021 година или вкупно 337.500 денари.
Jun 6, 2021
Деновиве Центарот за граѓански комуникации го објави 📃Извештајот за активна транспарентност на 97 јавни институции за 2021 година.
За потсетување, според Индексот на активна транспарентност 2017 ( за период на претходната локална власт), општина Дебрца го зазеде 86-то место од вкупно 97 институции, со резултат од 16,4 % остварени позитивни показатели, со оценка “многу слаба транспарентност”.
Според Индексот на активна транспарентност 2020, општина Дебрца го зазеде 44-то место од вкупно 98 институции, со резултат од 63,8 % остварени позитивни показатели , со оценка “добра транспарентност”.

Според Индексот на активна транспарентност 2021, општина Дебрца го зазеде 38-то место од вкупно 97 институции, со резултат од 72,5 % остварени позитивни показатели , со оценка “добра транспарентност”.
Од 2017 година до 2021 година во поглед на транспарентноста општина Дебрца направила позитивен скок од 48 места!
Од сосема нетранспарентна и затворена општина стигнавме до препознатлива и отворена општина.
И во наредниот период посветено ќе работиме на концептот отворена и транспарентна општина .
Целта ни е , со примена на стандардите за е-транспарентност да стигнеме во групата на институции со многу добра транспарентност ‼️ ✅