Select Page
Проширување на уличната водоводна мрежа, изградба на доводен крак во село Арбиново

Проширување на уличната водоводна мрежа, изградба на доводен крак во село Арбиново

Деновиве во село Арбиново се работи на проширување на уличната водоводна мрежа,односно изградба на доводен крак / ископ на каналски ров и монтажа на полиетиленско црево за водоснабдување ф 63 /, во должина од 900 метри, со што со вода за пиење од водоводниот систем ќе се обезбедат и домаќинствата во долниот дел на селото, односно до автопатот во изградба.

Работите ги изведува ЈПКД “Дебрца”- Белчишта,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година

Започна уредување на поширокиот простор околу црквата “Св.Вартоломеј” село Годивје

Започна уредување на поширокиот простор околу црквата “Св.Вартоломеј” село Годивје

Како локална самоуправа деновиве исполнуваме едно дадено ветување,еден своевиден аманет, односно започнавме со уредување на поширокиот простор околу црквата“Св.Вартоломеј” село Годивје, со поставување на бекатон , на површина од 950 м2.

Тоа е еден наш мал придонес кон ова свето место.

 

Продолжува со доизградба канализациониот систем во село Мешеишта

Продолжува со доизградба канализациониот систем во село Мешеишта

Во село Мешеишта продолжуваме со доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.

Општината издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година , во износ од 4.188.420 денари за доизградба на уште шест канализациони краци, во вкупна должина од 750 метри и 25 ревизиони шахти.

Претходно, оваа година беа изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, и 16 ревизиони шахти, а за што беа инвестирани 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 беа обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024.

Според тоа,во текот на оваа година за доизградба на канализационата мрежа во село Мешеишта општината инвестира вкупно 6.802.682 денари или околу 110.000 евра.

Општината ќе издвои дополнителни средства и во Буџетот за 2025 година за доизградба на преостанатите неколку канализациони краци.

 

Склучен  договорот  за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините, реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2/

Склучен договорот за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините, реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2/

Вчера  во Владата Градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на склучување на договор за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините.

Во рамките на Јавниот повик на Владата општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2 /,во должина од 1400 метри.

За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари.

 

По спроведување на тендерската постапка проектот ќе се имплементира.

Активности на општинската механизација во село Лешани

Активности на општинската механизација во село Лешани

Деновиве со општинската механизација се изврши ископ и затрпување на ров за поставување на црево за водоснабдување и кабел за електрична енергија до црквата “Св.Недела”, како и порамнување на стрмниот дел од патот до црквата “Св.Атанасије”,во село Лешани.

Ставена во функција новата вертикална центифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта

Ставена во функција новата вертикална центифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта

Со поставувањето на командната табла денес во функција ставена е новата вертикална центрифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта, а со цел да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија.

 

Инвестирани се 771.040 денари,обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.