May 14, 2023
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја започнаа Третата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга се вози по патеките на Караорман.
Во организација на здружението за планински велосипедизам Прв до врв Скопје, во 2019 година на Караорман и Славеј Планина се одржа првата велосипедска тура, а во 2021 втората велосипедска тура се возеше од село Годивје до Бабин Срт ( 2241 м.н.в. ) , врвот на Стогово и назад.
Градоначалникот Ногачески Поздравувајќи ги учесниците на денешната планинска велосипедска тура, посебно истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се привлечни за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам.
На учесниците им посака успешен настан, посебно да ја почуствуваат недопрената природа и притоа да се напојуваат од слободарскиот дух на овој крај.
Општина Дебрца во целост го поддржува овој спортско-рекреативен настан, бидејќи преку истиот се промовираат здравиот начин на живот, природните убавини, историското и културното наследство на Дебрца.
May 13, 2023
Во село Лактиње, во централниот дел на селото во тек се градежни активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување.
Во должина од 110 метри каналот ќе биде уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри ќе биде отворен и бетониран, покриен со метална решетка.
Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
May 12, 2023
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН”, Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банкa.
Aкција започнa во 9 и 30 часот на две локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Белчишта и пред Административната зграда на Општина Дебрца – село Белчишта.
Двете Групи составени од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата на Општина Дебрца како и Градоначлникот заеднички пристапија на чистење на главната улица од влезот на село Белчишта, дел од регионалниот пат Ботун-Брежани, како и влезот од правец на село Злести кон село Белчишта, центарот пред Општина Дебрца, како и Училишниот Двор на ООУ ,, Дебрца”.
Собраниот одпад ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.
Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.


May 12, 2023
Општина Дебрца Ве информира дека е подготвена Физибилити студијата за енергетскa ефикасност за улично осветлување во општина Дебрца.
Со цел да ја презентираме и претставиме и воедно да разговараме за мерките кои може да се имплементираат во рамки на 3 (три) разгледани технички сценарија заедно со финансиската анализа, Општина Дебрца организира состанок во среда (17.05.2023) во 11:00 часот во просториите на општина Дебрца.
На состанокот ќе присуствуваат членовите од Одборите на Корисници, релевантни лица од општината, Градоначалникот и координарот на проектот.
Презентација ќе извршат стручни лица / претставници од Единицата за спроведување на ПЕЕЈС при Министерството за Финансии на Република Северна Македонија, како и од консултантската екипа која ја изработуваше студијата.
May 10, 2023
На првенството учествуваа околу 120 деца од основните училишта од Општините Струга,Охрид,Вевчани,Дебрца кои беа поделени во 4 категорни групи (8,10,12,14 год).Се играше во спортска сала во ПУ Јахја Кемал во Струга.
Турнирот го организираше Младинската Шаховска Школа Струга во соработка со ШК Ласкер од Охрид,со техничка и логистичка поддршка на ПУ Јахја Кемал Струга.
Од Општина Дебрца учествуваа ученици од ООУ”Дебрца” с. Белчишта.
Општина Дебрца го подржа Првото Регионално првенство за млади во шах Lake Queen School Cup 2023 со средства обезбедени од буџетот на Општина Дебрца.
May 9, 2023
Општина Дебрца организира дводневна посета на 90-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија, кој ќе се одржи од 20-26 Мај 2023 година.
Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.
Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.
Посетата на саемот е планирана за 24 и 25 Мај 2023 година, со едно ноќевање.
Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето ( околу 35 евра ноќевање со појадок ).
Од организациски причини ги замолуваме заинтересираните земјоделци и други граѓани, да се пријават најдоцна до 12 Мај 2023 година, на следниот контакт:
Ѓоко Јордески 078281242
Игор Калески 075391404