Mar 21, 2023
Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески и преставници на општинската администрација остварија работна средба со преставник од УСАИД во врска со проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка помеѓу општините и приватниот сектор.
На работната средба се разгледуваа можностите за зајакнување на капацитетите на општината за проширување на соработката со приватниот сектор, можностите за инвестирање на територија на општина Дебрца како и разгледување на можноста за формирање на локален економски совет и надоградување на стратешкиот план за интегриран локален економски развој .

Mar 21, 2023
Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Валентина Недеска – член на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-334/1 од 06.03.2023 година од Градоначалникот на Општина Дебрца.Изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно критериумите утврдени во Правилникот за доделување на стипендии за редовните студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2022/2023
Состави Ранг листа од кандидати кои ги исполнуваат условите за доделување студенска стипендија:
- Бутески Никола Оливер
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Бујароска Дончо Тамара
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Ѓорески Љупчо Александар
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Наумоски Стојче Гоце
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Јорданоска Миле Кристина
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Дуклески Владо Дарко
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Јонческа Ѓоко Моника
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Силјаноски Боби Теофил
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
КОМИСИЈА
Билјана Суклоска Милошеска – претседател
Даниел Паункоски- член
Валентина Недеска – член
Mar 21, 2023
Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Валентина Недеска – член на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-334/1 од 06.03.2023 година од Градоначалникот на Општина Дебрца.Изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно критериумите утврдени во Правилникот за доделување на средношколски стипендии на одличните ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебна 2022/2023.
Состави Ранг листа од кандидати кои ги исполнуваат условите за доделување средношколска стипендија:
- Дуклеска Владо Јана
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Цветкоски Милан Дамјан
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Печоска Ромео Викторија
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Маркоска Гоце Ана Марија
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Митреска Зоран Зорица
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Жилеска Панче Марија
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Скоклеска Разме Ивана
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Јакимоска Страшо Марија
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Бујароска Сашо Климентина
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Каланоска Павел Славица
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Силјаноска Алесксандар Јана
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Мијакоски Петар Бобан
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Дуклески Драган Александар
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Велјаноски Стојмир Кристијан
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Андоноски Гоце Еразмо
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Целакоска Илија Емилија
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Донески Гоце Филип
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Ристеска Сашо Елена
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
- Мирческа Зоран Ивана
-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс
КОМИСИЈА
Билјана Суклоска Милошеска – претседател
Даниел Паункоски- член
Валентина Недеска – член
Mar 13, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започна со реализација на Проектни форуми во заедницата.
Ви благодариме за присуството и активното учество во првата форумска сесија.
Втората форумска сесија ќе се одржи на 15.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Вашето присуство на втората форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на втората сесија ќе се дискутираат концептите на проектите во кои се содржани решенијата на идентификуваните проблеми од првата форумска сесија.
Прилог: Дневен ред
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Mar 1, 2023
Денес во рамките на проектот ” Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програмата за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа, се одржа првиот форум на заедницата во општина Дебрца.
На првата форумска сесија учесниците се запознаа со форумскиот процес и дискутираа за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца .
На оваа и следните три форумски сесии граѓаните непосредно ќе утврдат проектни идеи/концепти од кои ќе се дефинираат и конкретни предлог проекти,кои ќе се финансираат во рамките на одобрениот грант од 40.000 УСД.
Значајно е и тоа што со вчерашното дополнување на Статутот на општината од страна на советот на општината Форумите во заедницата се внесени во Статутот, како битна алатка за непосредно учество на граѓаните во креирањето и носењето на локалните одлуки.
Feb 24, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот ” Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, почнува со реализација на Проектни форуми во заедницата.
Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на првата форумска сесија која ќе се одржи на 01.03.2023 година (среда) со почеток од 10:00 часот, во Школото на ОУ,,Дебрца” село Белчишта.
На првата форумска сесија учесниците ќе се запознаат со форумскиот процес и ќе дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти.
Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на форумски процес во заедницата и подобрување на животот во Општината.
Прилог: Дневен ред
Прилог: Покана
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески