Select Page
Топло добредојде за новите првачиња во OОУ “Дебрца”

Топло добредојде за новите првачиња во OОУ “Дебрца”

Први Септември е ден кој е почеток на новата учебна година и секако најрадосниот ден за најмладите ученици, првачињата, кои за првпат седнуваат во училишните клупи.

За жал, оваа година поради новонастанатата состојба со светската пандемија предизвикана од Ковид 19 вирусот, наставната година не започнува денес.

И покрај тоа во ОУ “Дебрца” го одбележавме почетокот на новата учебна 2020/2021 година, со свечен прием за првачињата.

 

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата изразив надеж дека и од ОУ “Дебрца” ќе произлезат успешни и општествено одговорни граѓани, архитекти, доктори, универзитетски професори, спортисти, градоначалници, а зошто не и нобеловци.

Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности.

Ние како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално за првачињата од Дебрца го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков,  бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.

Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност.

Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.

Топло добредојде за новите првачиња во ОOУ "Дебрца"

Posted by Зоран Ногачески – Градоначалник на Дебрца on Вторник, 01 септември 2020

EU IPA MK-AL: Општина Дебрца се опреми со ново специјално теренско возило за спасување во зимски услови

EU IPA MK-AL: Општина Дебрца се опреми со ново специјално теренско возило за спасување во зимски услови

Денес пристигна новото возило Duster, кое за потребите на општина Дебрца ќе се користи и како специјално теренско возило за спасување во зимски услови . Возилото е обезбедено во рамките на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија, кој општина Дебрца го спроведува со партнерите – ОО Црвен Крст Охрид, Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна. Набавката на возилото е финансирана со средства од ЕУ ИПА Програмата за прекугранична соработка ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа ( 15 % ).

Потпишан Меморандумот за соработка на проектот: “ Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители

Потпишан Меморандумот за соработка на проектот: “ Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители

Успешната соработка со Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Охрид продолжува.

Денес проектниот координатор Ѓоко Зороски и градоначалникот Зоран Ногачески го потпишааа Меморандумот за соработка на проектот: “ Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители”, финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд ( Critical Ekosystem Partnership Fund-CEPF ).

Во рамките на проектот ќе се изготви Студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на Белчишкото Блато, поставување на туристичка инфраструктура и организирање на обуки и настани за подигнување на свеста за заштита на Белчишкото Блато.

Крајната цел е отпочнување на постапка за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје.

Градоначалникот Ногачески во посета на градилиштето во село Издеглавје,каде се гради резервоар за водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик

Градоначалникот Ногачески во посета на градилиштето во село Издеглавје,каде се гради резервоар за водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик

Денес градоначалникот Ногачески го посети градилиштето во село Издеглавје,каде се гради резервоар за водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик.

Градежните работи се одвиваат според План-от

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општината.

Со реализацијата на проектот го решаваме деценискиот проблем и обезбедуваме квалитетно водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик. – изјави градоначалникот Ногачески.

Градиме по План-от

Општина Дебрца доби донација, заштитни маски и дезифициенци од ЕУ

Општина Дебрца доби донација, заштитни маски и дезифициенци од ЕУ

Денес на општина Дебрца и е доставена донација – заштитни маски и дезифициенци од страна на Делегацијата на Европската Унија.

Донацијата со содржи од:

  • Хируршки заштитни маски за еднократна употреба – 900 парчиња.
  • дезифициенци од по 950 ml и 500ml – вкупно 60 парчиња.

Градоначалникот Зоран Ногачески во името на граѓаните на општина Дебрца изрази благодарност  до Делегацијата на Европската Унија, која континуирано ги помага проектите и актиностите на општина Дебрца.

 

 

INVITATION TO TENDER FOR Tehnical or Scientific Expertise for Development of Mobile Application

INVITATION TO TENDER FOR Tehnical or Scientific Expertise for Development of Mobile Application

 EN: Municipality of Debrca announces the following Invitation to tender for Tehnical or Scientific Expertise for Development of Mobile Application for Conse PP project.

 MK:  Општина Дебрца објавува Повик за поднесување на понуди за Изработка и развој на мобилена апликација во рамките на Conse PP проект.