Mar 2, 2026
Во духот на отчетноста и транспарентноста, чувствувам обврска лично да Ве информирам за сè што е реализирано и започнато во првите 100 дена од мојот мандат во Општина Дебрца.
Довербата се гради со работа, со чесен пристап и со конкретни резултати.
Отчетноста не е само збор – таа е обврска кон народот.
Јас сум еден од Вас.
Ги знам предизвиците и секојдневно работам на нивно решавање.
Ветивме грижа за секој човек, поддршка за младите, силна инфраструктура и уредена животна средина.
Првите 100 дена покажуваат дека зборот станува дело.

Ова се дел од резултатите што заедно ги постигнавме:

Воведовме субвенционирање на возачки дозволи за млади до 21 година во износ од 20.000 денари;

Обезбедивме субвенции за продавници како поддршка за локалната економија 10.000 денари месечно;

Извршено е чистење на крајпатна вегетација на патниот правец Белчишта – Ново Село;

Расчистена е вегетација и канали на патниот правец Ботун – Велмеј;

Исчистена е крајпатна вегетација на потегот Годивје – Врбјани – Лактиње;

Расчистена е вегетација во с. Требеништа и с. Мешеишта;

Исчистена е крајпатна вегетација Издеглавје – Слатино;

Целосно е расчистена дивата депонија во Грко Поле;

Целосно е расчистена дивата депонија кај „Сини Вирој“ во Белчишта;

Поставен е нов асфалт на улица „Романка“ во Мешеишта;

Уредени се банкините на регионалниот пат Ботун – Велмеј;

Асфалтиран е патот до с. Долно Средорече во должина од 630 метри;

Започната е реконструкција на улица во Волино до црквата Св. Петка;

Започната е реконструкција на Домот на култура во Волино;

Пробиен е нов пат од 600 метри до црквата Св. Атанасиј во Лешани;

Тампониран е пат во должина од 300 метри во Мешеишта;

Изградивме базен во Песочани;

Набавени се грејни тела за училишната зграда во Горенци;

Реконструирана е оградата на игралиштето во Горенци;

Уреден е дворот пред здравствениот дом во Белчишта;

Расчистени се речни корита и канали во повеќе населени места низ општината;

Извршено е новогодишно уредување пред општинската зграда во Белчишта;

Традиционално е одбележана Стара Нова Година (Василица) со обезбедена храна и огрев за сите населени места;

Набавени се униформи за вработените во ЈПК Дебрца;

Набавени се 480 канти од 120 литри во соработка со Министерството за животна средина;

Набавена е машина за канализациони системи за потребите на ЈКП Дебрца;

Обезбеден е камион МАН за собирање смет (донација од Град Виена);

Обезбедено е возило Фолксваген транспортер за потребите на ЈКП Дебрца;

Обезбедени се финансиски средства за поддршка на спортските клубови и манифестации;

Обезбедени се средства за поддршка на културно-уметничките друштва;

Исплатени се 8.246.582 денари на земјоделците за штета од природни непогоди;

Превземени се обврски на ЈПК Дебрца во износ од 5.500.000 денари за потрошена електрична енергија од пумпни станици;

Доделуваме 100.000 денари за трето дете и секое наредно новороденче;

Обезбедуваме 30.000 денари поддршка за склучување брак за лица до 30 години;

Обезбедуваме 6.000 денари поддршка за склучување брак за лица над 30 години;

Доделуваме 6.000 денари за секое новороденче;

Обезбедуваме 30.000 денари помош за семејства погодени од елементарни непогоди, пожари и поплави;

Овозможуваме еднократна парична помош за лекување;

Ова не се само бројки.

Ова се конкретни чекори за стабилна, развојна и достоинствена Дебрца.
100 дена посветеност

100 дена одговорност

100 дена видливи резултати


Но ова е само почеток.
Продолжуваме со исто темпо, со уште повеќе енергија и со јасна цел –
Дебрца да биде општина со развиена инфраструктура, силна локална економија, чиста животна средина и сигурна иднина за младите.

Ви благодарам за довербата.
Заедно продолжуваме напред – за нашата Дебрца!
Feb 26, 2026
Извршив увид на започнатите градежни работи за реконструкција на улицата во с. Волино, на потегот кон црквата „Св. Петка“.
На терен присуствуваа претставници од инвеститорот, изведувачот и надзорот, со кои разговаравме за динамиката и квалитетот на реализацијата.
Со овој проект обезбедуваме подобра и побезбедна инфраструктура за жителите на селото.
Во рамки на посетата го посетив и Домот на култура во Волино, кој ќе биде реконструиран во целост за потребите на жителите на селото.
Продолжуваме со конкретни проекти и рамномерен развој на Општина Дебрца.
Feb 26, 2026
Општина Дебрца и градоначалникот Златко Сиљаноски се приклучуваат кон одбележувањето на 28 Февруари – Денот на ретките болести.
Со оваа симболична поддршка, Општината испраќа порака за солидарност, разбирање и инклузија на лицата кои живеат со ретки болести и нивните семејства.
Мотото на кампањата „Ретко е да си редок“ нè потсетува дека иако болестите се ретки, луѓето кои живеат со нив не се сами. Потребна е заедничка поддршка, подигнување на јавната свест и создавање општество со еднакви можности за сите.
„Редкоста не е недостаток – таа поврзува. Ретките болести нè обврзуваат како институции и како заедница да покажеме солидарност, разбирање и континуирана поддршка. Заедно градиме општество во кое секој живот е еднакво вреден, а секоја приказна заслужува внимание, грижа и надеж.“
Општина Дебрца останува посветена на промовирање на хуманост, еднаквост и грижа за секој граѓанин.
#RareDiseaseDay #РеткоЕДаСиРедок
Feb 25, 2026
Општина Дебрца ја информира јавноста дека во врска со информациите објавени на интернет порталите, поврзани со наводна пријава против наставник од ООУ „Дебрца“, од страна на училиштето е доставено писмено известување до Општината.
Согласно доставеното известување од Општинското основно училиште „Дебрца“, училиштето постапило веднаш согласно законските прописи и интерните процедури и спровело внатрешна проверка на наводите.
Врз основа на резултатите од спроведената проверка, констатирано е дека наставникот постапил правилно и професионално во сите околности.
Воедно, Општина Дебрца Ве информира дека комуникацијата со медиуми е во исклучива надлежност на раководството на училиштето.
Општина Дебрца ја следи состојбата и постапува во рамки на своите законски надлежности. Истовремено, апелираме на одговорно информирање и почитување на процедурите, со цел заштита на учениците, наставниот кадар и угледот на училиштето.
Општина Дебрца останува посветена на транспарентност, законитост и обезбедување безбедна и квалитетна воспитно-образовна средина.
Општина Дебрца
25.02.2026 година
Feb 16, 2026
Денес, во Виена градоначалникот на општина Дебрца ја подигна донацијата вредна 30.000 евра, камион MAN за собирање смет, кој ќе го користи ЈКП Дебрца.
Ова е само првиот чекор на нашата соработка со Општина Виена. Дебрца денес има уште еден голем пријател!
Градоначалникот на општина Дебрца Златко Сиљаноски искажа Благодарност до градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг и неговата администрација за оваа вредна донација. Ова возило ќе направи голем напредок во одржувањето на чистотата во нашите села.
Воедно искажа и Благодарност до општинската администрација која аплицираше за ова возило во 2024 година.
Ова е само почеток на многу нови проекти и соработка помеѓу нашите општини.
Feb 13, 2026
Ја информираме јавноста дека е во тек постапка за донесување на закон и официјално прогласување на Белчишко Блато (Сини Вирој) за заштитено подрачје во категорија IV- Парк на природата.
Овој значаен природен локалитет претставува едно од ретките зачувани блатни подрачја во државата, со богата биолошка разновидност, специфичен екосистем и големо значење за заштита на птици, растителни видови и водни живеалишта. Со прогласувањето за парк на природата ќе се обезбеди долгорочна заштита, унапредување и одржливо управување со просторот, во интерес на сегашните и идните генерации.
Постапката се спроведува во согласност со важечките законски прописи, при што ќе бидат вклучени релевантни институции, стручна јавност и локалната заедница. Целта е да се воспостави јасна рамка за заштита, контрола на активности и поттикнување на еколошки одржлив туризам.

Со овој чекор се прави значаен придонес кон зачувување на природното наследство и унапредување на еколошката свест.
Во постапката поврзана со изработка на предлог Законот се предвидени следните активности:
Јавно известување кое се објавува на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (
www.moepp.gov.mk) и на ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи на РСМ Македонија http: //www.ener.gov.mk
Рокот за јавни консултации со засегнатите страни и граѓаните на Република Северна Македонија за доставување на коментари, мислења и предлози трае 20 дена од денот на објавувањето на содржината на предлог на законот на веб страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи.
Во текот на постапката може да бидат организирани директни консултации и состаноци со засегнатите страни како и јавна расправа доколку е потребно.
Вашите забелешки, мислења и предлози за предлог текстот на Законот може да ги доставите електронски на следниот e-mail:
Билјана Тешева Ѓорѓиевска: b.tesheva@moepp.gov.mk,
Влатко Трпески: v.trpeski@moepp.gov.mk и
Кузман Куновски: k.kunovski@moepp.gov.mk .
Воедно, забелешките, мислењата и предлозите по предлог текстот на Законот може да се дадат и на веб порталот ЕНЕР (http: //www.ener.gov.mk/).
Учеството на јавноста е од особено значење за обезбедување квалитетна и одржлива заштита на Белчишко Блато, која ќе ги земе предвид природните вредности, но и интересите на локалното население.
Министерството ги охрабрува сите засегнати страни да се вклучат и да придонесат кон заедничка цел – зачувување на природното наследство за сегашните и идните генерации.