Select Page
Водоснабдувањето во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места

Водоснабдувањето во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места

Во изминатите години водоснабдувањето беше во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места.

На тој план, реализирани се повеќе проекти, но и покрај тоа има уште проблеми за решавање.

Еден од проблемите на кој во наредниов период ќе посветиме внимание е водоснабдителниот систем во село Мешеишта,кој јавното претпријатие го презеде во септември 2022 година.

Водоснабдителниот систем во Мешеишта,кој се презеде со долг за неплатени сметки за електрична енергија,во износ од околу 500.000 денари има и други аномалии.

Се работи за стар систем,граден во 70-те години на минатиот век,со големи загуби на вода,поради оштетувања на резервоарот и уличната мрежа,со пумпна станица со пумпи со застарена технологија, што има за последица поголема потрошувачка на електрична енергија.

Поради тоа, акцентот го ставаме на неколку активности:

  • Деновиве ќе биде објавен тендерот за набавка на нова пумпа и замена на електричниот орман, како и за санација на постојниот/стариот резервоар,
  • Во подготовка е техничка документација за оправданост од инсталирање на фотонапонска централа кај пумпната станица,
  • Општината има изготвено техничка документација за реконструкција на уличната мрежа и бидејќи се работи за поголема инвестиција, за која општината сама не може да ги обезбеди потребните средства ,

Проектот на прв објавен повик ќе биде аплициран за обезбедување грант средства од домашните или меѓународните инвестициски фондови.

 

Ќе се подигнува безбедноста во сообраќајот со поставување на вертикална сообраќајна сигнализација

Ќе се подигнува безбедноста во сообраќајот со поставување на вертикална сообраќајна сигнализација

По спроведената постапка за јавна набавка на вертикална сообраќајна сигнализација општина Дебрца ќе врши набавка на сообраќајни огледала, кои ќе бидат поставени на места каде што нема или има мала видливост при приклучување во сообраќајот,со што се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Од страна на општинските служби детектирани се повеќе такви критични места,каде ќе се постават сообраќајни огледала.

Ве повикуваме, доколку имате детектирано вакви места да доставите и Ваши предлози,каде што има потреба од поставување на ваква сообраќајна опрема на контакт телефон 046/286-855 или на mail: contact@debrca.gov.mk

 

Вашите предлози ќе бидат земени во предвид и доколку се оправдани ќе биде соодветно постапено, а во интерес на безбедно одвивање на локалниот сообраќај.

Започна реализацијата на проектот за уредување на центарот и изградба на спортско игралиште во село Злести

Започна реализацијата на проектот за уредување на центарот и изградба на спортско игралиште во село Злести

Со проектот ќе се расчисти распаднатиот дел од селскиот дом , изгради тротоар , во должина од 66 метри, реконструкција на споменикот, изградба/асфалтирање на спортско игралиште,заградување со метална ограда,поставување столбови и рефлектори за осветлување, спортски реквизити/фудбалски стативи , кошеви, клупи,/.

Проектот се финансира со средства од Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2024 година и буџетот на општина Дебрца за 2024 година.

 

Работите ги изведува фирмата Маркоски 73 дооел Струга.

Започнува изработката на  првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024 – 2027 година

Започнува изработката на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024 – 2027 година

Почеток на развој на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024 – 2027 година, беше означен  во Општина Дебрца  каде претставниците на SEG Holding пред градоначалникот на општината ја презентираа методологијата на изработка на мета-планот за развој на целата општина.

Положбата на Општина Дебрца дава голема можност за туристичко-рекреативни активности, притоа, водејќи сметка за зачувување на природата. ИЛРП ќе ги дефинира сите начини за одржливост на природните ресурси, обезбедување на услови за раст на бројот на туристите и задржување на луѓето во општината.

Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети #ГраѓанитеНаПрвоМесто #CHinMK #SDGs

 

Изработката на интегрираниот локален развоен план за општина Дебрца е  прв стратешки документ кој се базира на инклузивен – партиципативен пристап на локалната лидерска група и трите носечки столба на локалниот економски развој- : приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор. Четири годишната визија за развој на општина Дебрца се формира преку метод на анализа за конкретните проблеми, потреби и можности  кај релевантните  општествени  чинители  во општината.  Така, преку прибирање на информации со методологија се формира база на потенцијални проекти од кои се формираат мерки и приоритети кои се групираат во стратешки цели чија реализација ќе претставува остварување на визијата за изгледот на општина Дебрца по истекот на 4 години.

 

Примарната цел на овој стратешки документ е разложување на визијата за просперитетна и економски силна општина на ниво на проекти, со што би се имал сеопфатен документ за презентација и промоција пред инвеститорите. Исто така, овој документ  ќе послужи  како база на проекти  со кои би се аплицирало  за грантови  и донации пред домашни и странски институции и фондации. Оваа намена на интегрираниот локален развоен план е посебно важна за руралните и релативно финансиски слаби општини како општина Дебрца, кои повеќе од 90% од своите проекти ги реализираат преку грантови од надворешни донатори.

Градоначалникот Зоран Ногачески се приклучи на националната кампања “ Ги запознаваме ретките болести 2024”

Градоначалникот Зоран Ногачески се приклучи на националната кампања “ Ги запознаваме ретките болести 2024”

Во знак на поддршка на пациентите со ретки болести и нивните семејства и оваа година особена чест ни претставува што општина Дебрца ќе биде дел од националната кампања “ Ги запознаваме ретките болести 2024” , а која ќе заврши со одбележување на 29 Февруари-Светскиот ден на ретките болести, годишен настан за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести и влијанието што тие го имаат врз квалитетот на животот на пациентите и нивните права и потреби. И оваа година општината финансиски ќе ги помогне активностите на Здружението на граѓани за ретки болести “Ретко е да си редок”, од Охрид,а заедно со учениците и наставниците од ООУ “Дебрца” активно ќе се вклучиме во националната кампања и одбележувањето на светскиот ден на ретките болести. И секогаш имајте на ум, реткоста е предност, а не недостаток.

Одржана Петтата (последователна) форумска сесија од проектен форум во Општина Дебрца во рамките на проектот,,Зајакнување на општинските совети- фаза 2”

Одржана Петтата (последователна) форумска сесија од проектен форум во Општина Дебрца во рамките на проектот,,Зајакнување на општинските совети- фаза 2”

Денес во Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-фаза2  кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, ја реализира  петтата форумска сесија од проектот.

На петтата форумска сесија  учесниците на форумот  имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа и останатите проекти и препораки од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација.

Во рамките на Проектните активности кои општината ги реализираше изврши – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа.

Вкупната вредност на проектот изнесува:2.605.212 МКД    од кои 1.953.909 МКД се грант на донаторот  и  651.303 МКД се учество на општина Дебрца .

 Како и обезбедена е и монтирана опрема, со која  се обезбедува пренос во живо на седниците на советот на општината каде ќе се емитуваат на YouTube каналот на Општина Дебрца, преку кој граѓаните во иднина ќе може да ги следат седниците на советот на општината.

Општината и во наредниод период продолжува со соработка со Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, каде по поднесена апликација од страна на општина Дебрца и одобрена ќе се изработува Итегриран план за Локален Економски развој како стратешки документ на општината.

Во прилог На YouTube каналот на Општина Дебрца може да го погледнете краткото видео за активностите за изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа https://www.youtube.com/watch?v=7ly-MnBnfDs