Jan 17, 2024
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-фаза2 кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, ќе ја реализира петтата форумска сесија од проектот.
На петтата форумска сесија учесниците на форумот ќе имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа и останатите проекти и препораки од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација.
Петтата форумска сесија ќе се одржи на 24.01.2024 (среда) со почеток во 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Дебрца с. Белчишта.
Вашето присуство на петтата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, и завршување на проектните активности.
Дневен Ред
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Dec 1, 2023
Општина Дебрца потпиша договор со Бирото за регионален развој,со кој преку програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби се обезбедени 2.500.000 денари за реализација на проект во село Злести / уредување на центарот,со изградба на два тротоари,во должина од 108 метри, санација на споменикот, поставување урбана опрема и изградба на спортско игралиште,опремено со потребните спортски реквизити и рефлекторско осветлување/.
Општината ќе дообезбеди средства од Буџетот за 2024 година, за целосно завршување на овој проект.

Со програмата за рамномерен регионален развој, која ќе се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион обезбезбедени се 6 милиони денари за втората фаза од реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта.
Nov 6, 2023
Во село Волино во тек е последната фаза од доизградба на канализациониот систем /изградба на пумпната станица број 3 /,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.
Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 2.831.604 денари од кои од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, обезбедени се 2.000.000 денари, а 831.604 денари се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
Во село Лешани привршува првата фаза од изградбата на уличната канализациона мрежа. Вкупната вредност на работите од оваа фаза изнесува 15.682.500 денари, а средствата се обезбедени од концесијата на ТАВ, кои Владата ги пренамени за инфраструктурни проекти во општините.
Со одлука на Владата за распределба на средства за проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија на општина Дебрца се одобрени вкупно 537.644 евра неповратни / грант средства за изградба канализациона мрежа во село Требеништа,а која ќе започне во првите месеци на 2024 година.
Согласно одлуките на советот на општината до Министерството за животна средина аплицирани се и проектите- за изградба на канализациона мрежа во село Велмеј,со пречистителна станица во село Грко Поле и за доизградба на канализационата мрежа во село Мешеишта.
Nov 3, 2023
Во село Волино интензивно се работи на реконструкција на улица во должина од 1300 метри.
Проектот се реализира со средства обезбедени преку програмата за поврзување на локални патишта,а градежните работи ги изведуваат Ленди Груп Скопје и Маркоски К73 Струга.
Во прилог краток видео запис,
Oct 19, 2023
Изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште во склоп на спортскиот полигон кој ќе биде во функција за забава на најмладите жители и родители на Требеништа, како и околните села кои гравитираат во тој дел е во тек и се одвива според утврдената динамика за спроведување на проектот.

Во моментов на терен се изведени поголем дел од градежните активности кои се предвидуваат со проектот и во наредниод период ни преостанува целосно завршување на истите како и поставување на осветлување, поставување на детски реквизити играчки: вртелешка, играчка на федер, двојна клацкалка, двојна нишалка, единечна клацкалка, голем тобоган, единечна кула, спирален тобоган, мултифункционална куќичка како и поставување на урбана опрема клупи и корпи за отпадоци, хотикултурно уредување, со што би се добил современ изглед на целокупниот спортски простор како и би се подобрила можноста за социjално дружење на децата и родителите.

Средствата за изградба се обезбедени од страна на проектот за ,,Зајакнување на општинските совети”- Фаза 2 кој е финасиран од страна на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП)
Со вкупна сума од 2.605,212 мкд од кои 1.953.909,00 мкд средства одобрени од страна на УНДП и 651.303,00 мкд обезбедни од буџет на општина Дебрца .
Jul 27, 2023
Волонтери претставници од општина Дебрца, ЈКП Дебрца, преставници од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, ќе одржат акција за чистење која е организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО и Пакомак, Акцијата е предвидено да се одржи во село Волино на 28.07.2023 година со почеток во 9и 30 часот на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино – Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад .
Линк за пријавување на акцијата https://csr.skopsko.mk/form