Select Page
Еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“- Село Оровник

Еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“- Село Оровник

На брегот на Охридското Езеро кај селото Оровник започнавме историска еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“.
🤝 Заедно со нашите партнери, ја покажавме силата на заедништвото: Општина Дебрца, АКВАТЕК Охрид, Воден Свет Преспа Охрид и СОС Балкан Медиа Охрид – обединети со една цел – зачувување на нашето езеро.
🌱 Оваа акција е резултат на силна лична заложба и јасна визија – екологијата да не биде само збор, туку конкретна акција со долгорочно влијание.
🗑️ Сликата која ја затекнавме беше загрижувачка – пластика, гуми, текстил и разновиден отпад распослан долж целиот брег, дел и во самото езеро, како директна закана за биодиверзитетот.
🚛 Само во првиот ден успеавме да собереме над 12 кубни метри отпад – јасен доказ дека кога се работи заедно, резултатите се видливи.
🌍 Охридското Езеро е светско природно наследство на УНЕСКО и наша должност е да го заштитиме и сочуваме за идните генерации.
🤿 Утре продолжуваме со уште поважен чекор – за прв пат во историјата на Општина Дебрца ќе се реализира подводно чистење на дното на езерото кај оваа плажа.
📍 Плажата „Дебрца“ кај Оровник има огромен потенцијал – природна убавина, мирна околина и уникатен поглед кон аеродромот „Свети Апостол Павле“ – простор кој заслужува да стане нова туристичка атракција.
💬 „Охридското Езеро е природно наследство на целото човештво. Наша должност е да го предадеме почисто отколку што го добивме.“
🚀 Ова не е еднократна акција – ова е почеток на нова ера за плажата „Дебрца“ и за нашата општина.
🙏 Благодарност до сите вклучени – ова е пример како се гради иднината!
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април 2026  (вторник), со почеток во 11:00 – 13:15  часот во сала на сотаноци во општина Дебрца.

Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.

http://https://www.moepp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/pokana-za-javna-rasprava-po-nacrt-na-zakon-za-proglasuvanje-na-belcisko-blato-za-zastiteno-podracje-vo-kategorija-iv-park-na-priroda

Апел до граѓаните и земјоделците веднаш да прекинат со палење на стрништата, сувата трева и пасиштата поради исклучително високиот ризик од предизвикување на неконтролирани пожари

Апел до граѓаните и земјоделците веднаш да прекинат со палење на стрништата, сувата трева и пасиштата поради исклучително високиот ризик од предизвикување на неконтролирани пожари

Предизвикан пожар во с. Издеглевје при што изгореа десетици хектари. Огнот можеше да навлезе во неколку домови и да предизвика голема материјална штета, но среќа е што навремено беше запрен.
Голема благодарност до ТППЕ Охрид и нашите волонтери од „Ентузијаст Белчишта“ – благодарение на нивната брзина и пожртвуваност, штетата беше спречена и животите на жителите беа заштитени.
Општина Дебрца упатува строг апел до граѓаните и земјоделците веднаш да прекинат со палење на стрништата, сувата трева и пасиштата поради исклучително високиот ризик од предизвикување на неконтролирани пожари, Опасност по човечки животи: Пожарите од стрништата можат брзо да се прошират кон шуми, села и куќи, директно загрозувајќи ги животите на граѓаните.

Неконтролираните пожари ќе доведат до Уништување на почвата, Наместо палење, експертите советуваат заорување на стрништата, што помага во зачувување на квалитетот на почвата.

Палењето на стрништа и предизвикувањето на општа опасност на отворен простор се законски казниви дела.

Донација на град Виена за Општина Дебрца- Возило за собирање на комунален одпад

Донација на град Виена за Општина Дебрца- Возило за собирање на комунален одпад

Денес, во Виена градоначалникот на општина Дебрца ја подигна донацијата вредна 30.000 евра, камион MAN за собирање смет, кој ќе го користи ЈКП Дебрца.
Ова е само првиот чекор на нашата соработка со Општина Виена. Дебрца денес има уште еден голем пријател!
Градоначалникот на општина Дебрца Златко Сиљаноски искажа Благодарност до градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг и неговата администрација за оваа вредна донација. Ова возило ќе направи голем напредок во одржувањето на чистотата во нашите села.
Воедно искажа и  Благодарност  до општинската администрација која аплицираше за ова возило во 2024 година.
 Ова е само почеток на многу нови проекти и соработка помеѓу нашите општини.
Објавен Предлог на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Објавен Предлог на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Ја информираме јавноста дека е во тек постапка за донесување на закон и официјално прогласување на Белчишко Блато (Сини Вирој) за заштитено подрачје во категорија IV- Парк на природата.
Овој значаен природен локалитет претставува едно од ретките зачувани блатни подрачја во државата, со богата биолошка разновидност, специфичен екосистем и големо значење за заштита на птици, растителни видови и водни живеалишта. Со прогласувањето за парк на природата ќе се обезбеди долгорочна заштита, унапредување и одржливо управување со просторот, во интерес на сегашните и идните генерации.
Постапката се спроведува во согласност со важечките законски прописи, при што ќе бидат вклучени релевантни институции, стручна јавност и локалната заедница. Целта е да се воспостави јасна рамка за заштита, контрола на активности и поттикнување на еколошки одржлив туризам.

Со овој чекор се прави значаен придонес кон зачувување на природното наследство и унапредување на еколошката свест.

Во постапката поврзана со изработка на предлог Законот се предвидени следните активности:
Јавно известување кое се објавува на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) и на ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи на РСМ Македонија http: //www.ener.gov.mk
Рокот за јавни консултации со засегнатите страни и граѓаните на Република Северна Македонија за доставување на коментари, мислења и предлози трае 20 дена од денот на објавувањето на содржината на предлог на законот на веб страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи.
Во текот на постапката може да бидат организирани директни консултации и состаноци со засегнатите страни како и јавна расправа доколку е потребно.
Вашите забелешки, мислења и предлози за предлог текстот на Законот може да ги доставите електронски на следниот e-mail:
Билјана Тешева Ѓорѓиевска: b.tesheva@moepp.gov.mk,
Влатко Трпески: v.trpeski@moepp.gov.mk и
Кузман Куновски: k.kunovski@moepp.gov.mk .
Воедно, забелешките, мислењата и предлозите по предлог текстот на Законот може да се дадат и на веб порталот ЕНЕР (http: //www.ener.gov.mk/).
Учеството на јавноста е од особено значење за обезбедување квалитетна и одржлива заштита на Белчишко Блато, која ќе ги земе предвид природните вредности, но и интересите на локалното население.
Министерството ги охрабрува сите засегнати страни да се вклучат и да придонесат кон заедничка цел – зачувување на природното наследство за сегашните и идните генерации.
Известување за започнување на постапка за донесување на Предлог на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Известување за започнување на постапка за донесување на Предлог на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.
Белчишко Блато претставува значајно влажно живеалиште со висока биолошка разновидност лоцирано во општина Дебрца, и е важно за зачувување на ретки и загрозени растителни и животински видови од национално и ЕУ значење, како и за одржување на природната рамнотежа и екосистемските услуги на регионот. Водено подрачјето е веќе идентификувано како идно Натура 2000 подрачје.
Во постапката поврзани со изработка на предлог Законот се предвидени следните активности:
Јавно известување кое се објавува на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) и на ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи на РСМ Македонија (http: //www.ener.gov.mk/).
Рокот за јавни консултации со засегнатите страни и граѓаните на Република Северна Македонија за доставување на коментари, мислења и предлози трае 20 дена од денот на објавувањето на содржината на предлог на законот на веб страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи.
Во текот на постапката може да бидат организирани директни консултации и состаноци со засегнатите страни како и јавна расправа доколку е потребно.
Вашите забелешки, мислења и предлози за предлог текстот на Законот може да ги доставите електронски на следниот e-mail: Билјана Тешева Ѓорѓиевска: b.tesheva@moepp.gov.mk,