Select Page
Општина Дебрца доби два грантови во рамките на проектот за “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”

Општина Дебрца доби два грантови во рамките на проектот за “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”

Денес градоначалникот Зоран Ногачески  присуствуваше на презентацијата за проектот: “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и Кабинетот на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка ( СДЦ ).
Во рамките на проектот има грантови шеми за инвестициски и иновативни проекти, за кои општините аплицираа преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Општина Дебрца аплицираше и доби средства во двете грантови шеми.
Во грантовата шема за инвестициски проекти аплициравме со проектот: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион” и со одобрените околу 20.000 CHF ќе внесеме нови туристички содржини на Слатинско Езеро ( со автохтон камен ќе се уреди пешачка патека во должина од 150 метри, ќе се изгради паркинг, три летниковци и ќе се постави урбана опрема), а новата патека ќе се постави на Андроид ГИС апликацијата SW Macedonia attractions.
Следна задача ќе ни биде да ги анимираме сите чинители, а особено АД “Водостопанство на Македонија”, кое стопанисува со овој воден ресурс, по завршената санација на браната да се изврши чистење на езерото од вегетацијата и да се врати неговата природна убавина.
Во грантовата шема за иновативни проекти аплициравме со проектот: “Визуелизација на туристички атракции во Југозападниот плански регион” и со одобрените средства ќе се набави инфо киоск, кој ќе се постави на инфо точка ( info touch panels ), пред општинсклата зграда, во село Белчишта, со текстови и фотографии на туристички атракции во општина Дебрца, со превод на содржините на англиски јазик, софтверско решение за презентација на туроистичките атракции, односно ќе се обезбеди достапност до информации преку инфо точките за граѓаните и туристите. За овој проект се обезбедени 38.980 CHF за 4 општини ( Дебрца, Дебар, Вевчани и Македонски Брод ).

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Македонија денес го чествува ликот и делото на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј , кои оставија траен белег не само во македонската култура и историја, туку и во европската цивилизација.
Македонија е особено горда на фактот што искрата на сесловенското просветителство започна од тука. Светите Кирил и Методиј со своето лик и дело вечно ги задолжија сите словенски народи и воопшто, европската и светската култура и цивилизација.
Наша обврска и аманет е да го продолжиме нивното дело, да продолжиме да го негуваме и зачуваме нашиот јазик, традиција и идентитет и на тој начин да придонесуваме кон збогатување на културната ризница на Европа.
Нека ни е честит Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј .

УАК “Дебрца 2019” : Доделени наградите на најдобрите

УАК “Дебрца 2019” : Доделени наградите на најдобрите

Денес учениците од ОУ „Дебрца“ го одржаа традиционалниот атлетски крос.

Терминот за одржување е за патрониот празник на училиштето, 11-ти ноември, но поради временските услови беше преместен за овој период.

 

Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Учествуваа ученици од второ до деветто одделение, во машка и женска конкуренција, а трчаа на 300 и 1.800 метри. На трката од 1.800 метри поддршка даде и ја истрча и градоначалникот на општината Зоран Ногачески.Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Настанот беше организиран од училиштето, под покровителство на градоначалникот на општина Дебрца, од каде и ги обезбедија наградите, велосипеди за првопласираните и спортска опрема и тренерки за второ и трето место.Фотографија на Зоран Ногачески - Градоначалник на Дебрца.

Денес прекрасно изгледаше плоштадот во село Белчишта, каде што во предвечерието на празникот на Сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј се одржа традиционалниот училишен атлетски крос “Дебрца 2019”, на кој општина Дебрца и јас бевме покровители.
Глетката беше несекојдневно убава , а сите бевме лични затоа што атлетиката е кралицата на спортовите и се надевам еден ден и од одовде ќе се роди некој европски, светски, олимписки атлетски шампион.
Денес некои беа најдобри и добија заслужени награди, ама денес победивме сите, денес победи младоста и иднината на Дебрца.
И тука не застануваме. Продолжуваме и на претстојната манифестација “Охрид трчат” Дебрца ќе трчат во тимот на и за лицата со ретки болести.
И секогаш спортувајте. Спортот е здравје.- изјави градоначалникот Зоран Ногачески по доделување на наградите за најдобрите.>

Наградени ученици:

Од трето до петто одделение
Машки:
1. Андреј Ристовски
2. Бојан Тупанчески
3. Климент Митрески и Андреј Наумоски

Женски:
1. Јована Тодороска
2. Ангела Карадак
3. Анабела Нелоска

Од седмо до деветто одделение

Машки:
1. Ненад Левески
2. Кристијан Трајаноски
3. Димитар Митрески

Женски:
1. Надица Секулоска
2. Тамара Трајческа
3. Мартина Чолеска

Градоначалникот Ногачески упати честитка до матурантите

Градоначалникот Ногачески упати честитка до матурантите

Почитувани матуранти од општина Дебрца,
Ви упатувам искрени честитки по повод завршувањето на средното образование.
Посакувам овие денови кога го одбележувате крајот на средното образование, да Ви останат во трајно сеќавање на еден од најубавите животни периоди.
Знам дека овие мигови Ви се прекрасни и незаборавни.
Се наоѓате пред голема животна пресвртница и сериозна обврска, да го одберете своето идно занимање.
Вам, кои својата иднина ќе ја побарате на пазарот на трудот, Ви посакувам што поскоро да се вработите и со својот труд, за себе и за Вашите семејства, но и за својата општина и држава, да обезбедите сеопшт напредок.
Вам, кои планирате да го продолжите образованието на факултетите, Ви посакувам многу успех во стекнувањето на нови знаења и вештини.
Уште еднаш Ви честитам!
Патот што е пред Вас, Ве води во сериозни животни предизвици, и нека Ве следи среќа на тој пат.

ОБЈАВА за одржување на подготвителна информативна сесија за нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион.

ОБЈАВА за одржување на подготвителна информативна сесија за нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион.

очитувани,

Ве информираме дека на 27.05.2019 (понеделник) ќе се организира ПОДГОТВИТЕЛНА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА за Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Подготвителната информативна сесија се организира  во согласност со препораките на Архускиот жалбен комитет и член 6 од Архуската конвенција за рано вклучување на засегнатата јавност во процесот на донесување на одлуката за Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и има за цел запознавање на засегнатата јавност со процесот, податоците со кои се работи и документите кои се користат или секциите кои се подготвени, а за кои е потребно рано информирање на засегнатата јавност.

Настанот ќе се одржи во Салата за состаноци во општина Охрид, со почеток во 13 часот.

За учество во подготвителната информативна сесија се поканети сите засегнати страни согласно Одлуката за спроведување на Стратегиска оцена на животната средина на Планот.

За изработка на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион е одговорно Министерството за култура – Управата за заштита на културното наследство и Министерството за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина – природно наследство, а го донесува Владата на Република Северна Македонија.

 

КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТ

 

 

 

Големина на Фонт
Контраст