May 8, 2019
Вчера градоначалникот Зоран Ногачески со Организацијата за поддршка и помош на социјално загрозени и сиромашни граѓани “Еурохуман Интернационал”, Скопје, Г-дин Сејфула Бектеши потпишаа Меморандум во рамки на проектот “Нула глад во општина Дебрца”, кој ќе се имплементира од “Еурохуман Интернационал”, организацијата “Банка за храна Мк” и општина Дебрца.
Целта на соработката е помош и поддршка на семејства и лица од општина Дебрца кои живеат во социјален ризик.
Проектот “Нула глад” е проект на Обединетите Нации, кој има за цел да стави крај на гладот, да ги елиминира сите форми на неухранетост и да изгради инклузивни и одржливи прехранбени системи.- изјави градоначалникот Ногачески по средбата.
May 7, 2019
Денес градоначалникот Ногачески беше домаќин на учесниците од тимовите на Грција, Турција, Шпанија и Португалија, кои во рамките на проектот #play2adapt од Еразмус + програмата, учестваат на втората мобилност, чиј домаќин е нашето основно училиште.
Првата средба се одржа во градот Невшехир, Турција, во Декември, минатата година.
Посакувајќи им топло добредојде и убав престој во нашата општина и држава, гостите ги запознав со профилот на нашата општина, нејзините природни убавини, богатото историско, културно и археолошко наследство, по кои општината не случајно е дел од светското природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО.
На сите учесници им посакав успешна имплементација на проектните активности, притоа несомневајќи се дека ќе бидеме добри домаќини и дека гостите ќе заминат со убави впечатоци од Дебрца и Македонија.
Имплементацијата на вакви проекти има особено значење за нашата општина и училиште, посебно за нивната меѓународна промоција и афирмација.- изјави градоначалникот Ногачески по средбата.

May 4, 2019
Почитувани,дозволете ми, од свое лично име и од името на вработените од општина Дебрца да Ви упатам честитки по повод почетокот на Рамазанските пости.
Светиот месец Рамазан е месец посветен на солидарност, сплотеност и хуманост, месец кој буди меѓусебното разбирање, почитта, несебичноста и човекољубието.
Овој свет месец Рамазан нека биде исполнет со среќа во вашите домови, мир во вашите души и добрина во срцето.
May 3, 2019
Согласно Прирачникот за начинот на водење на постапката за донесување и изготвување на општ акт за село кое нема урбанистички план бр.24-395/1 од 11 Јануари 2019 година, Општиот акт за село Брежани и Предлог-Oдлуката ќе се објавени на веб страната на единицата на локалната самоуправа заради овозможување на јавен увид во времетраење од 17 работни дена, односно од 06.05.2019 год. заклучно со 29.05.2019 год. Во овој рок засегнатите граѓани можат да достават предлози, сугестии или приговори, по кој одлучува комисијата која ја изработува Предлог-одлуката.