
Покана за инфо ден IPARD 2014-2020
На ден 17.10.2019 (Четврток) со почеток во 11 часот во салата за состаноци на општина Дебрца – Белчишта. ќе се одржи еднодневен настан-инфо ден IPARD 2014-2020 во организација на Министерство за земјоделство, водостопанство и шумарство. Поканети се сите заинтересирани странки, кои сакаат да дознаат повеќе детали за начинот на аплицирање и реализирање на овој тип на проекти.