Oct 8, 2019
Со разни активности во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври се одбележува Детската недела.
И учениците од ОУ “Дебрца” со повеќе активности се вклучени во одбележувањето на Детската недела.
Денес градоначалникот Ногачески ја имаше честа да биде домаќин на учениците и да ги слушнам нивните потреби, барања и желби.
Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас.
Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет. – изјави градоначалникот Ногачески, по средбата со учениците од ОУ “Дебрца”.
Oct 8, 2019
Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека е изработен Нацрт – Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Согласно постоечката законска регулатива (Законот за животна средина, Законот за управување со природно и културно наследство на Охридскиот регион и Архуската конвенција) Планот е достапна за увид и јавна консултација на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање http://www.moepp.gov.mk/?page_id=3194
Мислењата по истиот можат да се достават до Министерството како орган на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 60 дена од објавувањето на електронската адреса:
infoeko@moepp.gov.mk или skj.mzspp@gmail.com .
Во рамки на консултативниот процес, на почетокот на ноември 2019 г. ќе биде организирана и јавна расправа за што јавноста ќе биде дополнително известена.