Select Page
Успешно реализирана јавната расправа за “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ”

Успешно реализирана јавната расправа за “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ”

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, како и запознавање со проектните активности Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Дебрца организираа јавна расправа која поради ситуацијата со COVID 19 успешно се одржа преку видео конференција на ден 01 Октомври (четврток) 2020 со почеток во 10.00 часот.

 

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Дебрца аплицираше со проект за надградба на локален пат од н.м. Злести до н.м. Белчишта (Секција 1 и 2), Општина Дебрца.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” беѓе ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Дебрца (https://debrca.gov.mk/) на 24 Септември 2020.

Сите заинтересирани странки имаа можност своите коментари да ги достават во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Градоначалникот Ногачески упати благодарност до сите присутни на состанокот, особено честитка за одличната организација до Министерството за транспорт и со поддршка од Светска Банка.

 

 

Денес во ООУ “Дебрца” започна новата учебна година.

Денес во ООУ “Дебрца” започна новата учебна година.

Денес во ООУ “Дебрца” започна новата учебна година.
Во сите училишта наставата е со физичко присуство на учениците, освен во ПУ Мешеишта и ПУ Требеништа, во кои за учениците од шесто до деветто одделение наставата се спроведува онлајн. Во сите училишта се применуваат здравствените протоколи за заштита од ковид 19 вирусот. На сите ученици, а посебно на првачињата им посакав успех во учењето. – изјави градоначалникот Ногачески во рамките на посетата.

Претходно, според одлуката на Советот, воспитно-образовниот процес ќе се реализира согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, донесени од Владата.

Барањето за настава со физичко присуство на учениците, со образложение за исполнетоста на условите и критериумите од Планот и Протоколот, изготвено од ООУ„Дебрца“, Белчишта беше проследено до Комисијата формирана од Владата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство, и истата доби согласност од Владата за организирање на наставата со физичко присуство на учениците во училиштето.
Големина на Фонт
Контраст