Dec 24, 2021
На денешната 3-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 10 гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2022 година и Годишните развојни програми на општината за 2022 година.
.На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2022 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2022 година е проектиран на износ од 112.000.000 денари.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2022 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.
Dec 24, 2021
Врз основа на член 19-a и член 23 став 3 од Законот за за јавните претпријатија („Службен весник, на РМ“ број 38/1996, 9/1997; 6/2002; 19/2002; 40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 97/2010; 6/2012; 119/2013; 41/2014;138/2014; 25/2015; 61/2015; 39/2016; 64/2018; 35/2019; 275/2019 година), член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ број 5/2002) како и врз основа на Одлуката за распишување на Јавен конкурс за избор на директор на Јавното претпријатие за комунални дејности број 09-2161/1 од 23.12.2021 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објавува :
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
Кандидатот за директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“- Белчишта треба да ги исполнува следните услови за извршување на работата предвидени во Законот за јавни претпријатија и Статутот на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“-Белчишта :
- да е државјанин на Република С. Македонија ;
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 ;
- во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција – забрана за вршење професија, дејност или должност;
- има минимум 5 години работно искуство ;
- поседува еден од следните меѓународно признати сретификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа : ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English : Legal) 0 најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) – положен или БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода ;
Потребни документи кои кандидатите треба да ги достават се следните :
- пријава за конкурсот ;
- кратка биографија на кандидатот ;
- доказ за завршено високо образование (диплома или уверение) ;
- доказ за работно искуство ;
- доказ (сертификат или уверение) за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години ;
Потребните документи се поднесуваат во оригиниал или копија заверени на нотар.
Покрај потребните документите, кандидатот треба да достави и програма за работа на Јавното претпријатие.
Кандидатите кои се пријавуваат потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа, и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици.
Сите пријавени кандидати имаат еднакви можости да бидат примени согласно нивните способности, образовани, искуство и личен капацитет.
Пристигнатите документи ќе ги разгледува тричлена комисија избрана од градоначалникот на општина Дебрца и во рок од 8 дена по истекот на рокот на конкурсот, целокупната документација ќе ја достави до градоначалникот кој во рок од 15 дена од денот на доставувањето на документацијата градоначалникот носи одлука за избор на директор.
Пријавите со потребните документи се доставуваат во затворено плико лично во архивата на општина Дебрца или по пошта на следната адреса : Општина Дебрца, село Белчишта, за Градоначалник со назнака (за јавен конкурс).
Огласот трае 5 работни дена од денот на објавувањето на дневните весници.
Ненавремената, нецелосната и неуредна пријава нема да биде предмет на разгледување.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Ногачески
Dec 21, 2021
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 3-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 3–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 24.12.2021 година (петок) , со почеток во 12.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Годишна Програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна Програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на Јавното осветлување во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна Програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2022 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2022 година
- Предлог – Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна програма за организирање на Јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Буџет на Единицата на локална самоуправа Дебрца за 2022 година
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за палтите на државните службеници за 2022 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски
Dec 15, 2021
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува:
КОНКУРС
за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија за учебната 2021/2022 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за учебната 2021/2022 година ќе додели стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија.
- II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
- Да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;
- Да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
3. Да не повторувале година во текот на образованието;
- Да имаат континуирано примерно поведение;
- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
- Да се државјани на Република С. Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-остварениот успех,
-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои се пријавуваат но конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
- 1. Потврда за е редовен ученик во учебната 2021/2022 година;
- Фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
- Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
- Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
- Изјавапотпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- 6. Изјава потпишана од родител-старател за користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.

Потребните документи може да ги спуштите со кликање тука
- IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, учениците треба да ги достават во рок од 15 дена, а најдоцна до 30.12.2021 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта, во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500,00 денари месечно, за девет месеци во текот на учебната година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани доколку доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 15.01.2022 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески
Dec 15, 2021
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува:
КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија за студиската 2021/2022 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за студиската 2021/2022 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија.
- УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
- Да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
- Да се редовни студенти на повисоките години кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа: за студенти запишани на студиски програми од информатика, природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки да имаат постигнато просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 , а за студентите на факултетите од општествените науки, на факултетите од уметностите и на другите студиски програми да имаат постигнато најмалку 8,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
3. Да не повторувале година во текот на студирањето;
- Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или фирми;
- Да се државјани на Република С. Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2021/2022 година за сите студиски програми.
-Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
1.Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2021/2022 година;
- Уверение за положени испити од претходните години ( студентите од I година доставуваат фотокопие од свидетелства од I-IV година средно образование);
- Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;
- Изјавана кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- Изјаваза користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;
- Фотокопија од индекс.

Потребните документи можете да ги спуштите со кликање тука
- МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават во рок од 15 дена, а најдоцна до 30.12.2021 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта, во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 15.01.2022 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески