Dec 15, 2021
Предлог Буџетот на Општина Дебрца за 2022 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2022 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2022 година.
Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.

Предлог Буџет 2022 година – Општина Дебрца
Предлози и сугестии може да се поднесуваат на контакт инфо:
Dec 14, 2021
Се известуваат жителите на населеното место Подмоље, дека поради приклучок на новоизградениот резервоар на главната водоводна мрежа, во текот на ден 14.12.2021 година од 8:00 до 16:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на ова населено место се до негово поврзување, по што повторно ќе биде воспоставено водоснабдувањето.
Општина Дебрца
Dec 8, 2021
Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празнувањето на Св. Климент Охридски, упати честитка до сите православни христијани:
Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија.
Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.
Слава Тебе Клименте !
Честит празник !