Select Page
Честитка по повод 8-ми Септември-Денот на Независноста

Честитка по повод 8-ми Септември-Денот на Независноста

По повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, во која се вели:

Дозволете ми да Ви го честитам 8-ми септември, Денот на независноста, со желби за мирна и просперитетна иднина на сите граѓани.

На овој голем ден, пред точно 32 години на 8-ми септември  1991 година, граѓаните на Република Македонија на референдум јасно и недвосмислено ја изразија својата определба за независна, самостојна и суверена Република Македонија. Од тогаш Македонија гордо чекори по патот на независноста, самостојноста и сувереноста но надоградуваќи се и со меѓународните интеграции.

Денот на независноста e во колективаната меморија на Македонскиот народ како нераскинлив дел од сите нас за исполнување  и продолжување на сонот и желбата на нашите предци за слободна, самостојна, суверена и независна Република Македонија.

 Ја користам оваа прилика во мое лично име и името на вработените во општина Дебрца  уште еднаш да ги повторам моите искрени желби за мир, стабилност, економски просперитет и општа благосостојба на сите граѓани и воедно Ви посакувам пријатно празнично расположение.

И нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија !