Select Page
Во знак на благодарност ЖФК “Билјанини Извори” Охрид, донираа 50 фудбалски топки за ООУ “Дебрца”

Во знак на благодарност ЖФК “Билјанини Извори” Охрид, донираа 50 фудбалски топки за ООУ “Дебрца”

Минатата година на неколку пати го помогнавме ЖФК “Билјанини Извори” Охрид, обезбедувајќи превоз за учество на неколку меѓународни турнири / Плевља,Црна Гора и Читлук/ Босна и Херцеговина.

Во знак на благодарност младите фудбалерки со нивниот претседател пријатно изненадија и донираа 50 фудбалски топки за ООУ “Дебрца”.

Донацијата ја прими директорката на основното училиште.

Благодарност и мотив за понатамошна соработка.

 

Извршено чистење на крајпатна вегетација на општинските патни правци за селата Мраморец, Турје и Годивје

Извршено чистење на крајпатна вегетација на општинските патни правци за селата Мраморец, Турје и Годивје

Деновиве општинскиот тим за јавни работи  изврши чистење на крајпатната вегетација на општинските патни правци за селата Мраморец, Турје и Годивје.

Во наредниод период продолжуваме и во наредните населени места.

 

Решен уште еден проблем со водоснабдувањето во општина Дебрца, кое се врши преку пумпните станици

Решен уште еден проблем со водоснабдувањето во општина Дебрца, кое се врши преку пумпните станици

Ставивме крај на уште еден проблем со водоснабдувањето во општина Дебрца, кое се врши преку пумпните станици.

Како што е познато во изминатиот период граѓаните и фирмите кои се водоснабдуваат преку пумпни станици на повеќе пати бевме изложени на притисок од снабдувачот со електрична енергија, ЕВН Хоме,кој користејќи ја монополската положба,која сеуште ја има на пазарот на електрична енергија и постапувајќи спротивно на член 44 од Правилата за снабдување со електрична енергија ги исклучуваше пумпните станици од електричната мрежа,оставајќи ги граѓаните,училиштата,фирмите, ПЗУ за дијализа “Невроплус” Охрид и меѓународниот аеродром “Св.апостол Павле” без вода, со што ги загрозуваше здравјето и животот на граѓаните и особено бубрежно болните пациенти.

И покрај од општината искажаната добра волја и преземањето на долгот од 19 милиони денари,некоректниот однос од страна на ЕВН Хоме продолжи и крајно и покрај изречената времена мерка,донесена од Основниот суд Охрид, со која се забранува исклучување на пумпните станици,за 21 Февруари најави ново исклучување.

Исклучување,кое никогаш повеќе нема да се случи.

Имено,на мој предлог,советот на општината на последната седница донесе одлука за преземање од страна на општината на сите пумпни станици и обврската за плаќање на тековните сметки за електрична енергија.

Постапката за промена на корисник е завршена и почнувајќи од 1 Февруари снабдувањето со електрична енергија на пумпните станици ќе го врши од општината избраниот снабдувач, ЕДС АД Скопје, а сметките ќе ги плаќа општината.

Со промената на снабдувачот во старт ги намалуваме сметките за најмалку 30 %.

Имено , ЕВН Хоме киловатот со сите давачки го наплатува 15- 16 денари, а моменталната цена која ја наплатува ЕДС изнесува 9 -10 денари за киловат.

Во наредниот период ќе преземеме активности за дополнителна заштеда /промена на пумпите во пумпна станица с.Мешеишта и поставување на фотонапонски централи за пумпните станици во село Мешеишта и село Требеништа,како и зајакнување на капацитетите на јавното претпријатие,особено во делот на комуналната дејност водоснабдување.

И најбитното,граѓаните и сите други корисници повеќе нема да бидат доведени во непријатна ситуација да останат без вода за пиење,поради неплатени сметки за електрична енергија.

Покрај редовното сервисирање на тековните трошоци општината и во наредниот период ќе продолжи со капитални инвестиции.

 

Анкетен Прашалник за изработка на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца

Анкетен Прашалник за изработка на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца

Започнаа активностите за изработка  на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца. За таа цел е изработен Анкетен Прашалник – за туристи и посетители и за локалните жители на Општината

Прашалникот е анонимен. Сите информации обезбедени од Вас ќе бидат доверливи и ќе се користат само за општа статистичка анализа. Секој ваш одговор ќе биде многу важен и корисен за истражување.

Ова истражување служи како основа за изработка на Студија за стратешки развој на екотуризмот во Општина Дебрца.

Линк за влез до прашалникот:

1.За туристи и посетителиhttps://docs.google.com/forms/d/1IyoqkIHFhiyteMSrYC1HQZAwZAyo-qno-at40B19kaU/edit?ts=65bcf7da

 

  1. За локални жители на Дебрцаhttps://docs.google.com/forms/d/1Izc-ZHJ0Q3HOkdWwkcvljZzfN2OhUlsPFVuKFwwgpwM/edit?ts=65bcf2ea