ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2025
Почитувани граѓани,
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2025 година.
Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст.
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.
Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден (25/11/2024, Понеделник) со почеток во 10:00 часот во сала на совет на Општина Дебрца, каде поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.
Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледан од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2025 година.