Интензивно се работи на чистење на патните правци во високите места во општина Дебрца од снег
По снежните врнежи кои ја зафатија територијата на општина Дебрца особено селата во (горна дебрца), а во согласност со подготовките за зимската сезона, екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца за зимско одржување на патиштата веднаш се упатија на терен. Тие активно работат на расчистување на патиштата и обезбедување на безбедноста на сообраќајот.
Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат кон сите безбедносни упатства при движењето во услови на снег и лед да ги почитуваат законските обврски кои се во важност од 15 ноември за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.