40-та седница на Советот на општината Дебрца
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 40-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 40–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 27.11.2024 година (среда), со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 38-та седница на Советот на општина Дебрца
- Усвојување на записник од 39-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година
- Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
- Предлог – Решение за именување член – претставник на Општина Дебрца во училишниот одбор на ОУ „Дебрца“ – Белчишта
- Предлог – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Годишна Програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Годишна програма за развој на образованието во општина Дебрца за развој на образованието во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2025 година
- Предлог – Годишна програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2025 година
- Предлог – Годишна програма за зимско одржување на општинските патишта и улици во општина Дебрца во зимската сезона 2024/2025 година
- Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2025 година
- Предлог – Програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2025 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од индивидуални корисници – домаќинства и правни лица
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изграден објект со намената на земјиштето
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседавач,
Крсте Јорданоски