Sep 17, 2025
Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, Охрид со учениците од прво до деветто одделение од Општинското основно училиште „Дебрца“ и со поддршка од Општина Дебрца, организираше едукативен настан посветен на запознавање на биолошката разновидност на Белчишко Блато.
Учениците имаа можност да се запознаат со дел од богатото био-разнообразие на блатото, да идентификуваат растенија и животни, а во вториот дел од настанот го посетија и Музејот на Белчишко Блато во с. Белчишта. Ден исполнет со нови знаења, дружење и љубов кон природата!
Настанот се реализира во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на зелена агенда на локално ниво“, кој се спроведува од Центар за климатски промени во соработка со партнерите: Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Еко екшон, со финансиска поддршка од Швајцарската Амбасада преку програмата Цивика Мобилитас.
Sep 17, 2025
Во село Требеништа завршен неасфалтираниот дел од патот до чешмата кај “Св.Мартинија”,во должина од околу 320 метри.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Sep 17, 2025
ДПД Ентузијаст/Volunteer fire association Enthusiast Ohrid во текот на вчерашниот ден превзеде две противпожарни возила заедно со братското волонтерско здружение ДПД Ентузијаст Дебрца/Volunteer fire association Enthusiast Debrca .
Ентузијаст прераснува во сериозна волонтерска организација во југозападниот регион на Македонија

На свечената церемонија организирана во Тирол, Ентузијаст прими вредна донација од две противпожарни возила и со самото тоа се зајакнуваат капацитетите на противпожарната заштита во Општина Охрид и Општина Дебрца, на настанот присуствуваа членовите на ДПД Ентузијаст Дебрца/Volunteer fire association Enthusiast Debrca, членовите на ДПД Ентузијаст/Volunteer fire association Enthusiast Ohrid и преставници на ТППЕ Охрид – Пожарна предводени од Командирот Борко Јанкулоски

Волонтерската организација ,,Ентузијаст” и Општина Дебрца упатува благодарност до главниот двигател на волонтерските здруженија, Командирот на ТППЕ Охрид – Пожарна , Борко Јанкулоски
Sep 15, 2025
Општина Дебрца, изврши набавка на 3 нови пловци со вентили за резервоари – два со димензија Ø80 и еден со Ø100.
Мотажата ќе ја изврши ЈПКД „Дебрца“, а пловците се наменети за резервоарите во селата Требеништа, Оровник и Подмолје.

Со оваа инвестиција конечно ќе се реши деценискиот проблем со прекини во водоснабдувањето, кој настануваше поради дотраените пловци стари повеќе од 30 години и честата потреба од човечка интервенција.
Општина Дебрца и понатаму останува посветена на подобрување на водоснабдувањето и условите за живот во сите населени места.
Sep 14, 2025
Драги сограѓани, почитувани пријатели,
Во изминативе осум години, со ваша доверба, ја имав честа и одговорноста два мандати да бидам градоначалник на нашата општина Дебрца – првиот мандат како партиски, а вториот како независен кандидат.
Секогаш сум верувал дека два мандати се доволни човек да ја докаже својата визија и да остави зад себе дела. Денес со гордост можеме да кажеме дека зад нас остануваат многу реализирани проекти, значајни за развојот на нашата општина и за подобар живот на граѓаните.
Во изминативе месеци, секојдневно бев исправен пред голем број барања од вас – граѓаните на Дебрца. Се разговараше во општина, мојот дом, по улици, по телефон. Вие бевте тие што ме потсетивте дека многу започнати проекти чекаат да бидат довршени и дека борбата за подобра Дебрца не смее да запре.
Искрено, не беше лесна одлуката – енергијата не е истата како пред осум години, а и мојата првична одлука беше да застанам тука. Но, вашиот глас беше посилен. Вие ми покажавте дека довербата и очекувањата се уште постојат, и затоа – ја носам одлуката да се кандидирам за уште еден мандат како независен кандидат.
Со почит кон сите мои противкандидати, кои сигурен сум дека имаат свои визии и идеи, ние на граѓаните ќе им понудиме едно – дела.
Дела кои ги реализиравме, дела кои ги реализираме и нови дела кои ќе следат во наредните години.
Дела за Дебрца!