Sep 12, 2025
Во Општина Дебрца се одржа работилница во рамки на проектот EcoFire Youth Ambassadors, реализирана во партнерство со Доброволните противпожарни организации од Охрид и Дебрца и со активно учество на локални чинители.
Проектот е финансиран преку Landscape Fire Management in the Western Balkans Programme (LFMWB), имплементиран од Farmahem, а негов носител е Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ – Охрид. ЕКОМЕНЛОГ, основано во 2015 година, е препознатливо по својата мисија за заштита на природата и подигнување на еколошката свест во регионот на Охридското Езеро преку научни истражувања, образовни програми и активно вклучување на заедницата.
📅 Проектот трае 14 месеци (ноември 2024 – февруари 2026) и има за цел да зајакне капацитети за превенција и управување со пожари, преку изградба на растителни противпожарни појаси, обука на млади амбасадори, интеграција на традиционални практики и примена на иновативни технологии.
Почетокот на активностите симболично беше означен со расчистување на дивата депонија која ќе биде дел од зафатот на кој ќе се простира растителниот противпожарен појас

Ќе се изврши и набавка на противпожарна опрема која ќе биде ставена во функција на ДПД,,Ентузијаст”-Дебрца.
🤝 Работилницата ја потврди заедничката посветеност за градење поотпорен регион, каде што традицијата и иновацијата се надополнуваат за одржлива иднина на Охридското Езеро и Дебрца.
Sep 10, 2025
Ја поздравувам секоја активност за пуштање на Автопатот А2 во функција.
Меѓутоа,со оглед на тоа да автопатот во најголем дел поминува низ нашата општина,со секое пуштање на делница од Автопатот се создаваат проблеми за граѓаните кои живеат во селата покрај Автопатот.
Проблемите се поради недоизградените или несоодветно изградените пристапни патишта и немањето соодветни приклучни места за селата на Автопатот.
Такви проблеми прво се јавија за селата Песочани,Ново Село,Црвена Вода,а сега за Оровник и Горенци,а исти проблеми ќе бидат и за Мешеишта,Волино и Требеништа.
Изградениот пристапен пат за клучката кај Аеродромот е вон сообраќајните стандарди и несоодветен за поголемиот дел од селата кои гравитираат во тој дел.Изминативе денови сме сведоци на многу проблеми,а најмногу во одвивањето на општинскиот линиски превоз на патници.
Како општина,со повеќе барања сме обратени до ЈП за државни патишта со кои се бара решенија за сите села,за нивно безбедно и најекономично приклучување на Автопатот.
И во оваа прилика ги повикувам најодговорните за изградба на Автопатот да најдат сообраќајни решенија по нашите барања.
Автопатот е повеќе од потребен,но во никој случај не смее да биде пречка за нормалното функционирање на нашите граѓани и населени места.
Sep 9, 2025
Се поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2, треба да се доизградат 3 канделабри, пет клупи,садници.
Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Sep 9, 2025
Во двата мандати градоначалник на општина Дебрца потрошив вкупно нула денари општински средства:
- За репрезентација на градоначалникот вкупно нула денари,
- За патни торшоци вкупно нула денари.
Не Вработив членови на потесното семејство-ниту еден, сами си најдоа работа во приватни фирми.
Многумина ќе речете дека никој нема да ми рече фала,а јас искрено мислам дека така треба да функционира секоја нормална власт и држава.
Горното не го напишав за да се пофалам,туку да демантирам поединци,кои како се приближуваат изборите ми пишуваат разно-разни текстови на мојот профил.