Select Page
5-та седница на Советот на општината Дебрца

5-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 5-та седница на Советот на општината Дебрца

Ја свикувам 5та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден  12.12.2025 година (петок) , со почеток во 11.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:  

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Нацрт – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2026 година (Т1)
  2. Нацрт Годишна програма за еднакви можности меѓу жените и мажите во општина Дебрца за 2026 година
  3. Нацрт – Годишна програма за зимско одржување на општинските патишта и улици во општина Дебрца во зимската сезона 2025/2026 година
  4. Нацрт – Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2026 година
  5. Нацрт – Годишна програма за развој на локалната инфраструктура и комуналите услуги во општина Дебрца за 2026 година
  6. Нацрт – Годишна програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2026 година
  7. Нацрт – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2026 година
  8. Нацрт – Годишна програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2026 година
  9. Нацрт – Годишна програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2026 година
  10. Нацрт – Годишна програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2026 година
  11. Нацрт – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2026 година
  12. Нацрт – Годишна програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
  13. Нацрт – Буџет на ЕЛС Дебрца за 2026 година

 

  • Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Иван Стрезоски

Известување за  прекин на водоснабдувањето на ден 11.12.2025г. (Четврток)

Известување за прекин на водоснабдувањето на ден 11.12.2025г. (Четврток)

Известување до жители на с.Волино за прекин на водоснабдувањето на ден 11.12.2025г. (Четврток)
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на с.Волино дека на ден 11.12.2025г. во Четврток од 11:00ч до завршувањето на активностите, ќе има неколку часовен прекин на водоснабдувањето.
Причината за прекинот е поврзување на главната водоводната цевка (од пумпна станица “Св Еразмо”) со доводната водоводна цевка за с.Волино, што е дел од проектот на дислокација на водоводниот цевковод при изведување градежни работи на автопатот Кичево-Охрид на територијата на Општина Дебрца.