May 19, 2026
ПАТОТ ДО „СВ. ДИМИТРИЈА“ ВО ИЗДЕГЛАВЈЕ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ САМО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ!

Она што со децении го слушавте само како најава пред избори од многумина пред нас, конечно излегува од фиоките и станува реалност!

Официјално е објавен повикот од Министерството за транспорт и врски за асфалтирање на локалниот пат од село Издеглавје до црква „Св. Димитрија“, во должина од 1 километар.

Ние како Општина изработивме комплетна проектна документација и успешно аплициравме за овој значаен проект.

Сакам да упатам огромна благодарност Министерство за транспорт и врски и министерот Александар Николоски, кој покажа разбирање за нашите приоритети.

Многу министри и градоначалници пред нас ветуваа – ние го градиме, нашиот збор има тежина.

Вака се почитува сопствениот народ и вака вистински се сака Дебрца – не со празни зборови, туку со оставање трајни дела кои ќе ги паметат генерациите!

Продолжуваме неуморно, чекор по чекор, за секое наше село!