Select Page
Општина Дебрца ги известува сите заинтересирани земјоделци и сточари дека и оваа година организира посета на традиционалниот Саем во Нови Сад, кој ќе се одржи во периодот од 16 до 21 мај.

Со цел да им излезе во пресрет на нашите земјоделци и сточари, Општината организира бесплатен превоз за околу 50 лица, а дополнително ќе го покрие и трошокот за едно ноќевање во износ до 50 евра по лице.

Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават и да добијат дополнителни информации кај лицето за контакт:

Танче Крем Николоски
Тел: 075 828 060

Ги повикуваме сите заинтересирани да ја искористат можноста за посета на еден од најзначајните саеми од областа на земјоделството и сточарството во регионот.

Денес пред општинската зграда ги пречекавме „Крстите“ за Св. Атанасиј – славата на нашето Белчишта

Денес пред општинската зграда ги пречекавме „Крстите“ за Св. Атанасиј – славата на нашето Белчишта

Денес пред општинската зграда ги пречекавме „Крстите“ за Св. Атанасиј – славата на нашето Белчишта.
🙏 Со заедничка молитва и благослов побаравме здравје и бериќет за сите сограѓани.
✨ Да си ја чуваме и негуваме традицијата што ни ја оставиле старите.
🍷 Со верба во Бога, за многу години нека е празникот и за здравје во секој дом!
Средби со Градоначалникот Златко Сиљаноски секоја Сабота од 10:00 часот до  14:00 часот

Средби со Градоначалникот Златко Сиљаноски секоја Сабота од 10:00 часот до 14:00 часот

Дебрца се менува!
✔️ За мене нема пауза кога станува збор за потребите на моите сограѓани. Сакам да бидам таму каде што се вашите проблеми, предлози и идеи.
✅ Започнуваме од оваа сабота! Ве поканувам на директен разговор, „лице в лице“ во мојот кабинет. Мојата цел е јасна: никој во Дебрца не смее да биде заборавен, игнориран или оставен сам со својот проблем.
🫵 Секој збор што ќе го слушнам ќе биде запишан. Секој предлог ќе биде сериозно разгледан. Секоја идеја што може да го подобри животот во нашата општина заслужува внимание.
🤝 Ова не е само ветување, туку моја лична одговорност. Продолжуваме да работиме отворено, чесно и посветено за доброто на сите.
♥️ Дебрца им припаѓа на граѓаните, а јас сум тука за вас – секој ден, без разлика дали е викенд или празник.
🫡 Се гледаме во сабота!