Select Page
Потпишан договор со Биро за регионален развој за имплемантација на проект Заштита на животната средина преку набавка на канти за комунален одпад

Потпишан договор со Биро за регионален развој за имплемантација на проект Заштита на животната средина преку набавка на канти за комунален одпад

Почитувани граѓани на Општина Дебрца, континуирано инвестираме во почиста животна средина!
🖋️ Денеска имав чест да го потпишам договорот за реализација на новиот значаен проект за нашата општина.
🤝 Овој проект го реализираме во успешна соработка со Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.
💰 Станува збор за наменска инвестиција вредна 900.000,00 денари за набавка на нови канти за комунален отпад.
🏡 Секој чекор кон подобро управување со отпадот е чекор кон поубава и поздрава иднина за сите нас.
🙌 Благодарност до институциите за поддршката на нашите заложби за модерна и еколошки свесна Општина Дебрца.
13-та седница на Советот на општината Дебрца

13-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 13-та седница на Советот на општината Дебрца

Ја свикувам 13та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден  22.05.2026 година (петок) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:     

 

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 11-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборатот за процена на штета од природна непогода (МРАЗ) што ја зафати општина Дебрца на ден 07 и 08 април 2025 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Дебрца за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Измени на Планот на развојни програми на општина Дебрца за 2025-2027 година
  5. Предлог – Измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2026 година
  6. Предлог – Одлука за одобрување на Проектна Програма за изградба на покриено повеќенаменско спортско игралиште на КП 712/3 КО Оровник, Општина Дебрца

 

  • Советнички прашања

 

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                   Иван Стрезоски