May 12, 2023
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН”, Заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банкa.
Aкција започнa во 9 и 30 часот на две локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Белчишта и пред Административната зграда на Општина Дебрца – село Белчишта.
Двете Групи составени од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата на Општина Дебрца како и Градоначлникот заеднички пристапија на чистење на главната улица од влезот на село Белчишта, дел од регионалниот пат Ботун-Брежани, како и влезот од правец на село Злести кон село Белчишта, центарот пред Општина Дебрца, како и Училишниот Двор на ООУ ,, Дебрца”.
Собраниот одпад ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.
Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.


Apr 18, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, реализира Проектни форуми во заедницата.
Ви благодариме за присуството и активното учество во Првата, Втората и Третата форумска сесија.
Четвртата форумска сесија ќе се одржи на 19.04.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Вашето присуство на четврата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на На четвртата форумска сесија учесниците ќе одлучат кој проект ќе биде финансиран од вкупниот проектен фонд на УНДП.
Право на глас имаат само редовните учесници кои присуствувале на најмалку 3 форумски сесии.
Дневен ред четврта форумска сесија
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Apr 11, 2023

Денес со директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид,Катерина Велкоска се потпиша меморандум за соработка во заштитата на културното наследство.
Во рамките на соработката се предвидува реализација на проектот ” Увид во состојбата на меморијалните споменици од НОБ и нивно интервентно санирање” ,како и реализација и на други проекти од областа на заштитата на културното наследство.
Mar 13, 2023
Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започна со реализација на Проектни форуми во заедницата.
Ви благодариме за присуството и активното учество во првата форумска сесија.
Втората форумска сесија ќе се одржи на 15.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.
Вашето присуство на втората форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на втората сесија ќе се дискутираат концептите на проектите во кои се содржани решенијата на идентификуваните проблеми од првата форумска сесија.
Прилог: Дневен ред
Со почит:
Градоначалник на Општина Дебрца
Зоран Ногачески
Feb 21, 2023
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува :
КОНКУРС
за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2022/2023 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.
- II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1.да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;
2.да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
3. да не повторувале година во текот на образованието;
4.да имаат континуирано примерно поведение;
- да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
- да се државјани на Република Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-остварениот успех,
-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
- 1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2022/2023 година;
- Фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
- Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
- Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
- Изјавапотпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- Изјава потпишана од родител-старател за користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.
- IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, учениците треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 07.03.2023 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500,00 денари месечно, за девет месеци во текот на учебната година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 20.03.2023 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

Конкурс-ученички стипендии (комплетна документација)
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески
Sep 20, 2022
Почитувани,
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на отворањето на Планинската куќа Брежани, реконструирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Република Северна Македонија. Настанот ќе се одржи во село Брежани, општина Дебрца, на 30.09.2022 год., со почеток од 11:30 ч.
Покана и агенда во прилог.

Покана и агенда за настанот