Aug 8, 2018
Согласно програмата за развој и подршка на спортот во општина Дебрца, изминатиов период се инвестира во подобрување на спортската инфраструктура.
На спортскиот полигон во Волино се поставени бетонско цокле и нова мрежа на заштитната ограда, нови столбови за рефлектори, реконструирана е електричната инсталација, преостанува да се постават новите 18 лед рефлектори.
Санирана е соблекувалната на фудбалското игралиште во Лешани, поставени се 18 лед рефлектори на спортскиот полигон во Мешеишта, четири металхалогени рефлектори на одбојкарското игралиште во Велмеј, шест металхалогени рефлектори на спортскиот полигон во Оровник.
Во наредните денови предвидено е поставување на нови лед рефлектори и во спортската балон сала во Требеништа.- потенцираше градоначалникот Ногачески.
Jul 19, 2018
Повик за поднесување на понуди (ППП)
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)
MSIP-IPA-NCB-022-18
- Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
- Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за набавка на комунални возила за потребите на ЈКП Дебрца
- Општина Дебрца во ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка на комунални возила за потребите на ЈКП Дебрца да ги достават своите запечатени понуди.
(more…)
Jul 19, 2018
Република Македонија
Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП
ИПА инвестициски грант
MSIP-IPA-NCB-022А-18
- Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 Јануари, 2010 година.
- Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Реконструкција на две улици во с.Мешеишта,Општина Дебрца
- Општина Дебрца ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат: Реконструкција на две улици во с.Мешеишта,Општина Дебрца
- Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
- Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30 часот :
(more…)
Jul 2, 2018
Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (“Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15,27/16 и 119/16) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2018 година, број 01-909/17 од 02.05.2018 година и број 01-1331/18 од 02.07.2018 , Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по годишна програма за јавни работи
- Општина Дебрца има потреба од работни ангажирање на 2 (двајца) работници за времетрање од три месеци, за извршување на јавни работи и тоа – Одржување на јавната инфраструктура (одржување – чистење на крајпатна вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи) и Одржување и заштита на животната средина и природата (чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалски игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи).
- Право да се пријават имаат долгорочно евидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години) и други лица од евиденција на невработени.
Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 500 денари по ангажирано лице, дневно, платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
- Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
- пријава и
- потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени
- Огласот трае три работни дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, debrca.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување Охрид, односно до 04.07.2018 година.
- Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 08:30 – 16:30 часот.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески
Mar 30, 2018
Денес во општинските простории во с. Мешеишта се одржаа јавни расправи, градоначалникот со членовите на советот на општина Дебрца и граѓани за подготовка на Физибилити студијата, односно документ за оправданоста на проектите “Реконструкција на улици во село Мешеишта” и “Подобрување на капацитетите на ЈКП Дeбрца” ( набавка на механизација ), а за кои имаме аплицирано за средствата од ЕУ ИПА грантот.

Јавните расправи ги спроведуваше ангажираниот консултант од страна на Министерството за финансии, М-р Светлана Петровска, од Центарот за промоција на Одржливи Земјоделски Практики и Рурален Развој –ЦеПроСАРД, Скопје.
Сите ја потврдиме оправданоста и потребата од одобрување и имплементација на проектите.
Mar 22, 2018
Врз основа на член 35 став 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 13 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 и 163/2016), Општина Дебрца, го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните, правните лица од просторот опфатен со Урбанистички план за село Злести, КО Злести, Општина Дебрца, државната управа, научните и стручните организации, Општина Дебрца, организира:
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По предлог – УПС за село Злести, Општина Дебрца, кој опфаќа простор од 66,11 ха, со следните граници:
Граници на опфатот се:
| УПС ЗЛЕСТИ |
|
X |
Y |
| СЕВЕР |
485 357.335 |
572 280.067 |
| ИСТОК |
486 568.155 |
571 158.074 |
| ЈУГ |
486 349.361 |
570 041.816 |
| ЗАПАД |
485 355.124 |
572 240.039 |
Повторната Јавната анкета и јавната презентација по Предлог – Урбанистичкиот план за село Злести, КО Злести, Општина Дебрца со тех.бр. 0801-05-01/16 од 03/2018 год., изработен од “Иванов Инженеринг” – ДООЕЛ, Битола, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Општина Дебрца.
Јавната анкета ќе трае 5(пет) работни дена и тоа од 23.03.2018 год. до 29.03.2017 год., секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 29.03.2018 година (четврток) во 12:00 часот во просториите на Општина Дебрца.
Со Почит,
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Ногачески